Годишната тема на симпозиумот беше фокусирана врз етномузикологијата како израз на идентитетот во документарните филмови од балканските земји. Легендарниот турски композитир Кудси Ергунер, кој живее во Париз ја раководеше работилницата во која настапија повеќе вокални солисти и индивидуални исполнители на традиционални инструменти на свечениот концерт кој се одржа во култната сала на Фондацијата „Чини“ на 24 март, каде беа изведени песни од турската, македонската, албанската и грчката музичка ризница.
Од 22 до 24 март во Венеција на иницијатива на Културната фондација „Чини“ (Fondazione Giorgio Cini) се одржа академски симпозиум на тема Балканското аудиовизуелно наследство во европската цивилизација. Домаќин беше венецијанскиот универзитет „Ка Фоскари“, а беа поканети претставници на Уметничката академија од Ротердам (Codarts) и Универзитетот од Дурeм, Англија. Високообразовните институции од Македонија и Југоисточна Европа ги претставуваше ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш, воедно и во својство на Генерален секретар на Academia Balkanica Europeana.
Годишната тема на симпозиумот беше фокусирана врз етномузикологијата како израз на идентитетот во документарните филмови од балканските земји. Легендарниот турски композитир Кудси Ергунер, кој живее во Париз ја раководеше работилницата во која настапија повеќе вокални солисти и индивидуални исполнители на традиционални инструменти на свечениот концерт кој се одржа во култната сала на Фондацијата „Чини“ на 24 март, каде беа изведени песни од турската, македонската, албанската и грчката музичка ризница.
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
March 2017
Categories |