Добитници на наградата се професорот и писател Венко Андоновски и историчарот Наим Алими во областа на воспитанието и образованието, музичкиот уметник Гарабет Тавитјан, филмологот Илинденка Петрушева и писателот Јордан Плевнеш, во областа на културата и уметноста.
Одлуката ја донесе Организацискиот одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик Владо Камбовски.
На врачувањето на наградата присуствуваа премиерот Зоран Заев, министри, академици, уметници…
„Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.