Со пригодна беседа Одлуката на Уметничкиот совет ја соопшти Претседателот на Фестивалот Владимир Ѓуричиќ, а за творештвото на Плевнеш зборуваше Боро Драшковиѓ, театарски и филмски режисер со меѓународно реноме. Драшковиќ истакна дека делото на Плевнеш,кое е објавено и изведувано на голем број светски сцени, колку што и припаѓа на македонската култура, толку е и дел од балканската, европската и светската култура.
На крајот се обрати Лауреатот Плевнеш, кој истакна дека ова признание со името на Зоран Радмиловиќ ја остварува неговата мисла дека "Уметноста е единствениот бастион кој што може да го спаси светот, во ова време на општа безнадежност што владее на Планетата во која секојдневно се уништува и последниот атом на човечката надеж!




RSS Feed