На култната книжевна трибина во Белград, на Француска 7, во Клубот на писателите на Србија, на 28 декември 2012, на пладне се одржa промоција на романот "Осмото светско чудо" од македонскиот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш. Овој роман на Плевнеш во превод на српски јазик на академик Ристо Василевски го објави издавачката куќа Арка и по неговота појава во едицијата Табле ронде на издавачката куќа Галимар во Париз, ова е негово дванаесетто издание на поголем број светски јазици и меридијани. На трибината зборуваа претседателот на Друштвото на српските писатели Радомир Андриќ и книжевните критичари Срба Игњатовиќ и Михајло Цвијетиќ. Извадоци од романот читаше познатиот македонски актер Никола Ристановски.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
Archives
March 2017
Categories |