Прв добитник на ова високо признание е македонскиот драматург и сценарист Јордан Плевнеш, носител на повеќе светски признанија за неговото уметничко творештво, за неговата мисија во афирмацијата на балканските кинематографии не Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон, и претседател на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима.
Во образложението на жирито во состав проф. д-р Радослав Т. Станишиќ, Драшко Ѓуровиќ, режисер, и Јована Бојовиќ професор по драмтургија и сценарио на ФДУ Цетиње, се вели: Првата награда со името на Ратко Ѓуровиќ се доделува на лауерат, којшто е македонски хуманист и писател објавуван и игран во над 30 земји во светот, автор на повеќе сценарија за играни и документарни филмови посветени на легенди на светската култура. Неговото интерконтинентално присуство во уметничката и академската дејност е одбележано во водеччите светски медиуми, како што се Њујорк Тајмс, Гардијан, Монд, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, како и во водечки јапонски, кинески и руски медиуми.
Како што е познато, минатата година Француската академија му ја додели престижната Гранпри за животно дело.
Во понатамошното образложение на жирито се вели: Јордан Плевнеш е непоправлив идеалист и меланхолик, а Ратко Ѓуровиќ е непоправлив оптимист и колерик. Двајцата извонредни интелекуалци со широко образование и ерудиција. Ратко Ѓуровиќ ја формира првата катедра за сценарио и драматургија на Академијата за театар и филм во Белград, а Плевнеш е основач на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности Еуропа Прима. Јордан Плевнеш соработуваше со легендарните творци Питер Брук и Роберт Вилсон, а нашиот професор Ратко Ѓуровиќ со Рене Клер и Уго Пир...
На свечената церемонија одржана минатиот викенд во Црногорската кинотека, под наслов „Балканофилмофилија Париз-Берлин-Вашингтон-Подгорица“ , наградата му ја врачи директорот на кинотеката Горан Бјелановиќ, со пригодна беседа за неговото творештво.
Во рамките на манифестацијата беа прикажани наградени филмови од Фестивалот на Југоисточна Европа, а со посебно обраќање на Претседателот на меѓународното жири Фабрис Далмеида, наградата „Фредерик Росиф“ му беше врачена на црногорскиот автор Владимир Перовиќ.
RSS Feed