На 17-ти ноември во Музејот на театарска уметност во Белград беше промовирано ексклузивното издание на српски јазик на изборот драми од македонскиот писател со светско реноме Јордан Плевнеш со наслов „Среќата е нова идеа во Европа“. Во изборот се застапени шест драми:Вечната куќа,. Р, Македонски состојби, ЈУ антитеза, Еригон и Среќата е нова идеа во Европа. Драмите се во превод на академик Ристо Василевски, а со предговор со наслов „Плеј Плевнеш“ на култниот српски театарски и филмски режисер Бора Драшковиќ кој го става делото на Плевнеш во светски рамки нарекувајќи го „Macedonian global observer“. Фото: Лазар Секулиќ и Тијана Маниќ
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
March 2017
Categories |