Јордан Плевнеш со претседателката на Француската академија Елен Карар Данкос
Со оглед на фактот што тој ја доби наградата за животно дело, Гран при на Француската академија , токму на предлог на овој претсижен Универзитет, Претседателот на Универзитетот Стефан Браконие неодамна му го предаде Високото признание на Француската влада Командант на Уметностите и книжевностите, а уметнички портет на Плевнеш е поставен на ѕидовите на оваа институција и нејзината академска меморија.
Автор на портретот е големиот македонски сликар Родољуб Анастасов и тоа претставува врвна афирмација на македонската култура и образование во Европа и светот.
На барање на слушателите, Плевнеш ќе посвети посебен осврт на неговата најнова драма објавена оваа година на француски јазик во издание на Куќата на Европа и Ориентот, "Кирил и Методиј кој сте вие ", за која предговор напиша еден од најпознатите светски театролози Жорж Бани и кој е насловен "Јордан Плевнеш е планетарен автор".
RSS Feed