Жан-Пјер Симеон и Јордан Плевнеш со Претседателката на Р. Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во охридска Св. Софија
На интернационалниот фестивал “Кирилица“ во Будва, на 7 и 8 септември беа презентирани портрети на минатогодишниот добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата, Жан-Пјер Симеон и на македонскиот писател Јордан Плевнеш.
Симеон беше претставен со избор од неговото творештво во интерпретација на црногорски актери, а Плевнеш одржа беседа за неговото дело како еден од најзначајните француски поети во светски рамки.
На фестивалот “Кирилица“ беше претставена една од најновите драми на Плевнеш „Кирил и Методиј – Who Are You?“, чие дејствие се случува на 17 точки од кризните жаришта во светот.
За последното француско издание на оваа драма, предговор напиша Жорж Бани, театролог со светско реноме. Токму со оваа драма, како што потенцира Бани и идејата на Св. Кирил и Методиј за „Цивилизацијата на љубовта“, која секојдневно е уништувана во светот, Плевнеш станува планетарен автор.
RSS Feed