Во писмото до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, професорот Жан-Патрик Конрад истакна дека „Човештвото отсекогаш се стремело кон етичките и филозофските вредности што ги носат досегашните добитници на наградата и духот на учењето на Св. Климент Охридски потсетува дека хуманизмот ќе ги победи глобалните закани за уривање на човечката надеж.“
Од поголемиот број на одгласи од светските медиуми кои ја пренесоа веста ги издвојуваме написите во трибината на Европската Унија Euro Science, и Академската асоцијација „Марија Кири“, кои го подвлекуваат големиот научен и духовен придонес на Конрад во светската научна и духовна мисла.
Свечената церемонија на доделувањето на наградата се одржа на 18 јануари, наспроти големиот празник Богојавление, во куќата на Уранија на МАНУ. Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски му ја врачи наградата на добитникот Конрад, во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости.