Јордан Плевнеш во светската критика
“Bibliotheques pour tous” www.uncbpt.com, 20.12.2005
Осмото светско чудо на Јордан Плевнеш.
Додека работи на фасадата на црквата на сеќавањето, Алекандар Симсар паѓа. За време на падот тој има визија за градбата што треба да ја изгради на врвот на планината Галичица во Македонија. Тоа ќе биде Лулката на светот или Осмото светско чудо. Во својот сон ѕидарот архитект, ќе ги среќава, еден по еден, Сатанаил или претставникот на Новиот светски поредок и интернационалната трговија, Буда, Мојсие, Исус Христос, Мухамед и Кришна. Роман со филозофско истражување, со богата симболика и ерудиција за можноста да победи на земјата еден нов хуманизам. Првиот роман, толку нежен, а толку ироничен, на Јордан Плевнеш, македонски писател, а светски признат како драматург.
“Le Nouvel Observateur”, Paris, No. 1797, 1999
Во “Р”, пиесата на Јордан Плевнеш, Р како Робеспијер, Револуција и Револт, актерот е главниот херој. Оваа пиеса е магистрална дескрипција на балканскиот вулкан.
“Nice Matin”, 1999, Гостување на Драмскиот театар на Азурнот брег во Франција
Во средновековниот замок Ла Напул, во близината на Кан, Драмскиот театар од Скопје ја игра во Ноќите на Замокот, светски познатата пиеса “Среќата е нова идеја во Европа”, пред бројната публика која ги открива естетичките ритуали на европската тетарска сегашност која се движи од трагедијата, преку иронијата до црниот хумор.
“Paris Match”, 10.06.1993
Јордан Плевнеш во “Р” ни претставува една драма сон со стралање во 18-тата буква од азбуката во која има чиста комедија и драма на вонредни театарски соништа и фантазми. Тоа е историска пиеса во која нема ни зрно историја бидејќи се е метафоричка игра која се издигнува над времето
“Le Jour”,Jean-Marc Adolphe, Paris, 19.06.1993
Македонскиот автор Јордан Плевнеш пишува на тема “приватната револуција” и неговот дело може да биде споредувано со Данило Киш. Во пиесата “Р” ние го доживуваме крешчендото на историскиот апсурд во патешествието на Максим Бродки,од античкиот скелет, преку Георг Бихнер, до нашата постмодерна сегашност.
“The Guardian,Fiachra Gibbons, London”, 25.05.2006
“Тајната книга” е пишувана од Јордан Плевнеш и може да се рече дека овој водечки драматург на Балканот и неговото послено дело “Осмото светско чудо”, што ја освоија француската награда “Сребрен јасмин” низ сценариото за филмот покажуваат дека самиот Код на Да Винчи е подготвуван во опскурните подруми на европската мисла, а Плевнеш се занимава со автентичната европска светлина на Богомилите.
“Le Canard enchaine”, Bernard Thomas, 23.06.1993
Јордан Плевнеш е македонски писател и неговата пиеса ја симболизира Македонија како гнездото од Библискиот Аврам, во кое се случуваат сите непредвидливи драмски акции кои ве држат во постојана напнатост.
“Elefterotipia”, 1995
Драмскиот автор Јордан Плевнеш и автор на есејот посветен на творештвото на Елијас Петрополус, се движи во сферите на балканската естетика со сигурен чекор во кој што се отвара европскиот хоризонт на неговата поетика.
“Le Parisien”, Andre Lafargue, 29.06.1993
Авторот Јордан Плевнеш во драмата “Р” ја презентира одисејата на Максим Бродски кој ќе го изоди сиот морничав пат на европската духовна револуција од “Смртта на Дантон” до денес за да докаже дека единствено креативното лудило може да ја спаси театарската естетика и нејзината безвременост.
“L’Avant Scene”,Floriane Gaber, Paris, 1998
Јордан Плевнеш, македонски драмтург и емигрант во Париз, во “Среќата е нова идеја во Европа” остварува една фасцинантна драмска форма која што низ театарски средства ја дефинира европската гео-политика во која единствено се реализирани вредностите на трагедијата како европска измислица од Есхил до Шекспир, преку Бекет и Кантор. Тоа е драмата на Плевнеш.
“The New York Review”, Patricia Corbett, Octobre 1998
Во “Среќата е нова идеја во Европа” авторот Јордан Плевнеш сака да ја фокусира драмската акција во трагите на културната генетика на европската трагедија. Плевнеш првин живееше на Балканот, во Македонија, потоа дојде во Париз и тука влезе во она што може да се нарече сублимација на духовниот егзил. Затоа преку него секој може да ја разбере духовноста на Македонија, насекаде во светот.
“Litte Realite”, Toronto, Canada
“Осмото светско чудо” е маестрален и полн погодок на Јордан Плевнеш во кого само за 3,3 секунди се раскажува целата историја на светот која се случва во главата на херојот Александар Симсар, чиј што идеализам е хумористично драматизиран за да се издигне како “Осмо светско чудо” на Планетата Земја базирано на апсурдите што ги произведува историјата на човештвото. Книгата на Плевнеш е исклучителен чин на транскултурализмот што зрачи од секој негов збор.
“Унивезитет Јел” (“Yale University”) - 24 март, 1995 г.
Постојат многу легенди за раѓањето на Европа, според најстарата, таа е родена во Лавиринт со човечко лице на Медитеранот и како млада девојка се изгубила. Потрагата по неа траела повеќе од дваесет и пет века.
Постојат многу вистини за смртта на Европа, а најуктелните се Првата и Втората светска војна и нивните милионски бесмислени жртви. Оваа година е педесет годишнина од ослободувањето од концентрационите логори и во исто време, токму вчера, беше отворен нов гроб со две илјади бесмислени жртви во Босна.
За време на изминативе три години кога ја пишував оваа драма, „Среќата е нова идеја во Европа“, расцепен помеѓу Париз и Балканот, во умот ми се јавија две слики:
Достоевски, пред неговата смрт, напиша во својот дневник: „Европо, нашата иднина е во Азија“. Следниот ден на Сорбона, еден германски студент кажа дека Европа е родена на Менхетен, бидејќи само на островот Елис имигрантите од Источна и Западна Европа на прашањето „од каде доаѓате?“ одговараат со зборовите „од Европа“.
И драмата не може да одговори на прашањето: што може Европа да направи помеѓу Азија и Менхетен?
“Јел хералд” (“The Yale Herald”), Џесика Томас, петок, 25 март, 1995 г.
Човечката борба и матниот морал на Европа се темите во „Среќата е нова идеја во Европа“ на Јордан Плевнеш. Во овој алегоричен приказ на Европа, младата жена наречена Европа патува низ времето почнувајќи од Антиката до модерните времиња, сретнувајќи ги по патот Моцарт, Данте, Гогољ и Ниче. Низ лавиринтот од борба и свирепост, Европа се судира со болката на војната, масакрите и турбулентната атмосфера на моќта и поразот кои беснеат низ европската историја. Иако драмата се враќа кон минатото, нејзината тема се движи нанапред. Драмскиот писател Јордан Плевнеш кој е Македонец по потекло, а во моментов живее во Париз, ги претставува сопствените конфликтни склоности кон Балканот и Париз преку спротивставување на судирот помеѓу Западот и Истокот во оваа историска драма.
“Њујорк тајмс“ (“The New York Times”), Карен Малпеде,Њујорк, недела, 18.10.1998
Епското дело, „Среќата е нова идеја во Европа“ прикажано во Драмскиот театар во Скопје, а напишано од Јордан Плевнеш, Македонец кој живее во Париз, го спротивставува насилството во европската историја со убавината на нејзините антички трагедии. Сцените од оригиналните текстови на Ајсхил, Шекспир, Бекет се проткајуваат со приказната на уметникот, Европа, која низ историјата е во потрага по својата изгубена ќерка која го претставува нејзиниот нереализиран талент.
“Експериментал“ („The Experimental“), Ахмед Ел-Атар, 5 септември, 1998 г.
„Среќата е нова идеја во Европа“ е современ текст, оригинално напишан на француски јазик од македонскиот писател Јордан Плевнеш кој живее во Париз, а за прв пат изведен на англиски јазик. Драмата претставува длабоко и болно преиспитување на западната мисла и идеологија.
Преку серија од дванаесет слики која започнува со зачнување на малото девојче „Европа“ од непознато потекло, драмата успева да испита, собори и фрли светлина на основите кои ја формирале европската мисла од античките времиња до ден денес.
Всушност, ова е навистина амбициозна задача, но благодарение на едноставната, но високо ефективна сцена направена од статуи со обесени глави, маса со неколку столици, прекрасни морбидни костуми и чувствително и високо стилизирано осветлување, восхитувачки искомбинирана музика и врвна актерска изведба, претставата од час и половина помина како една секунда.
“Јел деили њус” (“Yale Daily News”),Рејчел Кар, петок, 31 март, 1995 г.
Ко-директорот на продукцијата и Директорот на отсекот за последипломски студии за театар на Јел, Џејмс ДеПол, беше воодушевен од успехот на драмата. „Беше вистинско задоволство таа да се работи-за возврат добивме премногу од неа“ – рече ДеПол.
Приказната го следи животот на младата девојка која е отелотворување на Европа, како што се запознава со големите луѓе како Гогољ, Моцарт, Ниче и Данте кои & ги покажуваат успесите и поразите на историјата. И покрај тоа, претставата завршува со пооптимистична нота како што Европа и зборува на публиката: „Ги извршивме сите злодела што би можеле да се замислат - сега немаме каде да одиме освен нагоре“.
Драмата ги споделува апокалиптичните теми со драми налик на „Ангелите во Америка“ од Тони Кушнер– добитничката на Пулицерова награда. Но, еден од преведувачите на драмата, Оуен Хјуџ, во 1996 г. нагласи дека пиесата на Плевнеш се чини пооптимистична од оваа американска драма за СИДА-та.
Гледната точка на Плевнеш е „доведена до логичен екстрем. Таа е едноставна како логичка дедукција. Драмата ја прикажува најмрачната верзија за човечноста и таа треба да просветли“ – изјави Хјуџ.
“Далас морнинг њус” (“Dallas Morning News”), Џероми Викс, 23 април, 1988 г.
„Драмата „Р“ на Јордан Плевнеш е опседнат мозаик, налик на лавиринт во стилот на Кафка во кој скитаат браќата Маркс. Не би можел да ја разберам целосно оваа драма, но признавам дека и покрај тоа, таа ме фасцинира.
Плевнеш е македонски драмски писател кој овој семестар држи предавања на Универзитетот Тексас во Далас заедно со неговиот режисер Љубиша Георгиевски и УТД ја претставува премиерата на оваа драма на англиски јазик.
Голем дел од драмата „Р“ е совршено разбирлив на наративно ниво. Максим Бродски (Џејми Лоренс) е еден од југословенските водечки автори, во моментов многу успешен во улогата на Робеспјер, градителот на Француската револуција, во класиката „Смртта на Дантон“ на Џорџ Бушнер. Бродски доживува длабоки сомнежи воопшто за неговата глума. Неговото семејство се распаѓа – на неговата сопруга која е археолог (Робин Карбон), коскените примероци & се поинтересни од Бродски.
Како дополнување, мајката на Бродски (Елфрида Расел) ја посетува остарената, позната револуционерна фигура (Џим Грант) која сака да ги обнови сеќавањата за таткото на Бродски кој бил погубен за време на поствоената реконструкција на Југославија. Затоа Бродски е во Цирих на една недела на актерски фестивал – каде тој ќе ја престави својата земја, секако во претставата, во улога на Робеспјер, обвинетиот револуционер.
“Далас тајмс хералд” (“Dallas Тimes Herald”),Мајкл Филипс, 20 април, 1988 г.
Драмата „Р“ на драмскиот писател Јордан Плевнеш е брзоного театарско истражување на историјата, револуцијата, компромисот и уметноста и како тие меѓусебно делуваат. Со огромна благодарност на режисерот Љубиша Георгиевски, „Р“ евоцира повеќе од само парче од историјата на Југославија. Кога се готви и кога Плевнеш ги трансендира античките страдања на неговиот актер-протагонист, навистина се чувствуваат ефектите на паднатата револуција - вкусот на прашина во устата кој историјата н& го сервира одвреме навреме.
Под окото на набљудувачот, тука се работи за повеќе од една револуција и повеќе од едно ниво на реалноста. „Р“ започнува со Максим Бродски, актер во Националниот театар на Југославија кој се подготвува за драмата на Бушнер, „Дантоновата смрт“. Во костимографија од 18 век, помеѓу чадот на цигарите, тој настапува со монологот на Робеспјер. Но, тој не е сам. Актерот во текот на „Р“ е прогонуван од петмина идентично облечени Робеспјери кои дејствуваат како слики-одрази во огледало, невидливи за никого, освен за Бродски. Наскоро се појавува уште едно сениште, како и осумте мистериозни шишиња со жолта течност, поставени на работ од сцената.
Информациите за семејниот живот на Бродски протекуваат од сцена во сцена. Тој и неговата сопруга имаат две деца; Бродски, исто така, има и љубовница. Братот на Бродски сака да замине во манстир. Како што тој вели, „во свет без маченици, не е вредно да се живее“.
Во меѓувреме, поранешниот „револуционер“ работејќи на своите мемоари, се обидува да пронајде информации за таткото на Бродски, активист погубен во 1946 г. Парчињата зад неговата смрт & даваат на драмата „Р“ театрална основа и напреден импулс.
Над сè, Плевнеш е заинтригиран од врската помеѓу имагинарното и реалноста – во метежот на Бродски со Робеспјер и Француската револуција до посвежото сеќавање за политичкото погубување на неговиот татко. Источниот блок, со добра причина, беше плоден извор за писателите преокупирани со начинот на кој уметноста и историјата се поврзуваат. (Драмата „Сиротиот убиец“ („Poor Murderer“) на чешкиот драматург Павел Коут, за некого, го засега актерот чиј распарчен живот станува убиствено нејасен, како оној на Хамлет).
“Далас тајмс хералд” („Dallas Times Herald“)
„Плевнеш ги трансцедира античките страдања на неговиот актер- протагонист; човек вистински може да ги почувствува ефектите на пропаднатата револуција, вкусот на прашина во устата кој историјата н& го сервира одвреме навреме“.
“Далас морнинг њус” („Dallas Моrning News“)
Драмата “Р” на Јордан Плевнеш е опседнат мозаик, налик на лавиринт во стилот на Кафка во кој скитаат браќата Маркс.
“Гардијан”, Лондон (“The Guardian”, London)
„Најновата драма на Плевнеш, „Среќата е нова идеја во Европа“ се соочува со актуелниот европски метеж во рамки на фантасмагорична семејна драма во посткомунистичко опкружување“.
“Парис Меч” (“Paris Match”)
„Во драмата на Јордан Плевнеш постојат и елементи на чиста комедија доведена до ниво на буфонерија и елементи на трагедија продуцирана од соништа и духови“.
“Ле фигаро”, Париз (“Le Figaro”, Paris)
„Обидот да се дефинира драмата на Јордан Плевнеш „La Peau des autres“ е толку деликатен, како да се однесува на драма на Бекет. Или како што некој би рекол за враќањето на Годо: ова е приказна за талкањето.“
“Ле журнал де диманш”, Париз (“Le Journal de dimanche”, Paris)
„Оваа драма-сон исполнета со актуелни современи прашања е вистинско откритие.“
“Ле журнал де диманш”, Париз (“Le Journal de dimanche”, Paris)
„Честитките повторно се на место; тоа е како, конечно, да се дрзнеш да го опфатиш овој топол, рунтав, безобличен монумент“.