Приватната револуција на Јордан Плевнеш
На книжевниот портрет на Јордан Плевнеш, што еден од најстарите Универзитети во светот, Париската Сорбона, го организираше во јуни 2006 година и на кого учествуваа поголем број познавачи на делото на Плевнеш од сите континенти, воведна реч имаше Херберт Лотман, легендарниот биограф на Албер Ками, Густаф Флобер и делото посветено на европските книжевни субверзии. Херберт Лотман го нарече македонскиот писател “волшебник што во една единствена реченица може да ја обедини и да ја формулира вечноста на убавината со трагичните слики на светската историја”.
Меѓу овие две крајности, меѓу овие два пола на генијот на креацијата и на деструктивните сили на човечкиот идеал се одвива целокупната Одисеја на уметничкиот и животниот пат на Јордан Плевнеш, поради што авторот на капиталната “Историја на европската книжевност” Гиј Фонтен го нарече Плевнеш “писател и човек визионер, кој има пошироко срце од самиот живот”.
Уште во самиот почеток на XIV век, во егзилот на Данте Алигиери преку Равена во Париз можеме да прочитаме дека “Париз е простор на универзалната татковина на духот”. Во животот на Јордан Плевнеш (1953) и неговото патешествие од родното село Слоештица, преку Демир Хисар и Битола како европска претстолнина на Балканот, преку доаѓањето во Скопје есента 1972 година во “исприштениот престол на ранета Македонија” и неговото заминување во Париз каде што работи како метач на познатите париски гробишта Пер Лашез и со еден патувачки театар на илузионисти со кој ја крстари Европа, започнува неговата книжевна кариера, која што големиот турски режисер Мехмед Улусој, соработник на легендарниот Џорџио Стрелер, ќе го нарече Плевнеш, “балканска вулканска духовна експлозија”. Со неговата единствена книга поезија “Теорија на отровот” за која оригинални цртежи ќе изработ светски познатиот шпански поет Рафаел Алберти и неговата прва драма “Еригон” (1982), пишувана токму на горенаведените париски гробишта меѓу гробовите на Џим Морисон и Амадео Модилјани, тој ќе ги освои највисоките награди на тогашните интернационални фестивали во Југославија, МЕСС и Стеријно позорје и заедно со драмите што подоцна следуваат “Mazedonishe Zustende” (1984), “YU Антитеза” (1985), “Р” (1987) и “Слободен лов” (1988), тој ќе стане еден од најиграните автори во околу стотина театри низ сите поранешни југословенски републики и за неговото творештво почнувајќи од Љубљана, Загреб, Белград, Сараево, Нови Сад, постојат над 1000 библиографски референци. Познат како жесток полемичар и автор што предизвикува алогички експлозии “во времето во кое и самиот воздух мирисаше на театар”, по неговиот историски настап на последниот Конгрес на југословенските писатели во Нови Сад, април 1985 година, се случува големата пресвртница во неговиот живот. Од тој настап ги цитираме само неговите први зборови:
“Повоената злоупотреба на придавката НАША, ги уништи сите вредности на човечкиот живот, дури и на самата смрт. Нашата револуција, нашето богатство, нашата работничка класа, нашата иднина, а ништо не е наше - се е нивно! Одбивам да прифатам и туѓо ми е се што мириса на колективна крв и на конфискација на умот во минатото и особено во иднината! Духот секогаш и секаде има право на приватна револуција!”.
Тие зборови беа пренесени во голем број медиуми во тогашниот слободоумен свет, шест години пред започнувањето на крвавите војни на поранешните југолсовенски простори. Големиот хрватски писател Мирко Ковач, со чие што дело “Казна за Малвина” и делото на Данило Киш “Гробница за Борис Давидивиќ”, заедно со пиеасата “Среќата е нова идеја во Европа” ќе бидат играни во 120 театри во Франција, ќе изјави: “Ништо нема да запамтам од последниот Конгрес на југословенските писатели освен зборовоите на младиот Плевнеш”.
По Конгресот во Нови Сад ќе започне тригодишната идеолошка егзекуција во која политичката номенклатура на тогашната идеолошка порнографија, која подоцна ќе произведе крв, кич и масовни гробници, ќе го прогласи Плевнеш за државен непријател и непожелен идеолошки елемент. Во исто време кога неговите пиеси почнуваат да се играат на поголем број европски и светски сцени, тој почнува да се подготвува за доброволен духовен егзил кој што се остварува есента 1988 година, кога заедно со својата сопруга Лилјана и со двата сина Константин на 6 години и Илија на 4 години, ја започнува својата приватна духовна револуција во Париз, Градот на светлината, во единствената улица што Гете ја нарекува “Светска литература”.
Започнувајќи го својот живот од нула, тој сака да ја провери мислата на големиот ирски емигрант Џејмс Џојс дека “емигрантот мисли дека тој е вистина, а дека неговата татковина е лажна”. Во таа смисла од 1988 година се остварува пророштвото на воодечкиот американски театролог Роберт Кориган “само по 5 минути гледање на “Р” знаев дека драмите на Плевнеш ќе бидат играни во целокупниот интернационален театарски репертоар”. Неговите драми што по македонскиот следуваа во френцускиот период “Подземна република” (1990), “Безбог” (1991), “Notre femme de Paris”(1995), “Среќата е нова идеја во Европа” (1996), “Последниот маж, последната жена” (2001), “Последниот ден на Мисирков” (2003) и “Почетокот на народите” (2004), се играни во над триесетина земји во светот, а неговото творештво е изучувано и презентирано во водечките европски и американски Универзитети. Во 2006 година излегува неговиот роман “Осмото светско чудо” во издание на La Table Ronde – Gallimard, кој што подоцна е преведен и објавен во десетина земји во светот, а по повод 20 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, Институтот за македонска литература, организираше Интернационален симпозиум на кој учествуваа петнаесетина врвни критичко-книжевни и универзитетски имиња од целиот свет. За творештвото на Плевнеш пишувале водечките светски весници, New York Times, Guardian, Al Ahram, Seiko Shimbun, Le Monde, Figaro, Liberation, Nouvelle Observateur, Paris Match, Algemaine Zeitung и голем број на книжевни ревии од сите меридијани. Низ призмата на визијата на Кочо Рацин:
“Aко куќа не направив со високи шимшир порти
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора
срце куќа највисока
срце порта најширока.”
во своето дејствување меѓу Париз, Њујор, Каиро и Токио, Плевнеш е голем пропагатор на македонската култура и цивилизација, неговите aвторски текстови се објавувани во сите најзначајни европски и светски весници, а не заборавјќи ја родната Македонија, тој е основач на првиот независен дневен весник “Република” кој што излегуваше 163 дена и беше забранет од првата нео-комунистичка влада. Во 2000 година ја основа една од најексклузивните форми на книжевна меморија, “Одборот за прослава на името на Глигор Прличев”, со отворањето на спомен-куќата на Охридскиот Хомер, овенчан во Атина и досега 11 светски имиња се објавени во едицијата што го слави неговот импозантно дело.
Во 2003 година го основа фестивалот на трите јазици на Преспанското Езеро “Актерот на Европа”, ВО 2005 ја основа Охридската академија на хуманизмот, која по традициите на заштниците на Европа Светите Кирил и Методиј и нивните ученици Св. Климент и Наум, се залага за македонската гледна точка во светската историја на хуманизмот.
Во 2007 година, следејќи ја мислата на Томас Џеферсон дека е “позначајно e да формираш Универзитет отколку да бидеш претседател на САД”, го основа Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк.
Во 2000 година со Указ на Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, беше именуван за вонреден и ополномоштен Амбасадор на Македонија во Франција, Шпанија, Португалија и УНЕСКО и во негово време и со негови огромни заложби е отворена првата зграда на Македонската Амбасада во Париз, црквата на Македонската православна заедница Св. Кирил и Методиј, како и мермерното обележје на Булеварот Распај, единствено од таков вид во европските метрополи, по повод сто годишнината од излегувањето на весникот “Македонско движење” (“Le Mouvement Macedonien”) во Париз.
На крајот на неговиот мандат и учеството во Францускиот Сенат на Симпозиумот по повод 200 годишнината од раѓањето на Виктор Иго, Претседателот на Францускиот Сенат Кристијан Понсле, ќе му се обрати со зборовите “Екселенцијо Плевнеш со Вашиот духовен ангажман, Вие ја македонизиравте цела Франција”.
Со овој тематски број на СУМ, ќе бидат пренесени пред македонските читатели поголем број непознати текстови, кои за прв пат се објавуваат пред македонската јавност и ексклузивно ќе биде објавен извадок од неговото најново дело “Романот за Тајната книга”.