Jordan Plevnes
Contact:
  • Новости
  • News
  • Biography / Biographie / Биографија
    • Biography
    • Biographie
    • Приватна револуција
    • Хронологија
  • Reviews / Критики
    • Од светската критика
    • Светските личности за Плевнеш
    • Рекоа за Плевнеш
  • Photo / Фотографии
  • Video / Видео
  • Тајната книга / The Secret book
  • Projects / Проекти
  • Contact

Академска церемонија за доделување на наградата „Фредерик Росиф“ 2025  на познатиот француски документарист Антоан Виткин

11/26/2025

0 Comments

 
Picture
​Во тек на втората половина на ноември во есенската сесија на постдипломските и докторските студии на Пантеон Асас Сорбона 2, македонскиот писател со меѓународно реноме и добитник на наградата за животно дело на Француската академија Јордан Плевнеш, одржа серија предавања на тема Глобалната трагедија во светата историја од Антиката до денес.
Серијата предавања започна со академската церемонија за доделување на наградата „Фредерик Росиф“ за 2025 година на познатиот француски документарист Антоан Виткин од страна на Фестивалот на Југоисточна Европа Париз-Берлин-Вашингтон и претседателот на меѓународното жири Фабрис Д‘Алмеида, Потпретседател на Универзитет Пантеон Асас Сорбона 2.
Токму со филмовите на Антоан Виткин кои се потресни сведоштво за актуелната глобална трагедија и масовните ликвидации кои се одржуваат на воените жаришта на повеке меридијани, Плевнеш ја започна ретроспективата на своите компативни анализи, меѓу современоста од репликата на Самоил Бекет „нема ништо посмешно од човечката несреќа“,  до репликата на Еврипид напишана пред 2500 години „Најубаво од се на свет е да не се родиш“.
Низ хронологијата на трагичното писмо низ вековите беше анализиран последиот текст на Албер Ками напишан непосредно пред преговорите смрт со наслов „Иднината на трагедијата“, во која се вели дека во Антиката се одвива Трагедијата на Боговите, од средниот век до Шекспир трагедијата на Diabolos Gubrenator mundi, а во дваесеттиот век, со светските војни Трагедијата на Човекот и потоа ќе се следи Трагедијата на самотијата што ја живееме денес кога во име на Човекот одлучувааат Финансиската и Нуклеарната закана за уништување на последното зрно надеж и  целосно уништување на “ Цивилизацијата на Љубовта“..
Токму цивилизацијата на Љубовта е главната оска околку која се врти драмското дејство на една од последните драми на Плевнеш, Кирил и Методиј кои сте вие,  ​​за која еден од водечките театролози на светот Жорж Бани во предговорот за француското издание напиша „Јордан Плевнеш е планетарен автор“.
Покрај постдипломците од Пантеон Асас предавањата ги следеа во рамките на програмата Еразмус и студенти од универзитетите од Лос Анџелес и Болоња.
Посебно внимание беше оддадено и на 125 годишнината од изведбата на "Македонска крвава свадба“ на македонски јазик во Славјанска беседа во Софија и јубилејот на големоиот македонскиот сликар Родољуб Анастасов чиј што портрет на Плевнеш е поставен во Галеријата на почесните професори на овој париски универзитет!
Picture
Picture
0 Comments

Европскиот дух и зошто сме сите ние Европејци

10/6/2025

0 Comments

 
Picture

Луксенбуршката градина во Париз


​​Во Францускиот сенант, во Луксенбуршката градина во Париз, на 4 и 5 октомври се одржа симпозиум на тема „ Европскиот дух и зошто сме сите ние Европејци“, со учество на триесеттина академици од сите европски земји. Симпозиумот го отвори Жан-Патрик Конрад, Претседател на Европската академија на науките, книжевностите и уметностите од Империјал колеџ Лондон, а поздравни обраќања имаа академик Франциско Кариљо, Потпретседател на академијата од Шпанија, Ана Камбон-Томзен, Претседателка на Националниот центар за научни истражувања на Франција, Ален Малро, Претседател на Интернационалната фондација на бесмртниот француски писател Андре Малро. Свечено обраќање на конференцијата имаше и академик Јордан Плевнеш, редовен член на Европската академија на науките, книжевностите и уметностите од 2015 година, и актуелен претседател на Академија Балканика Еуропеана, која беше формирана во октомври 2017 година во духот на Скопската декларација за духовното единство на Балканот и Европа, која беше организирана на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, со присуство на сите актери од балканскиот земји што го интерпретирале Хамлет, низ легендарната дилема „Европа и Балканот – да се биде или не!“ На основачкото собрание во Букурешт за прв претседател на Академија Балканика Еуропеана беше избран, Јон Карамитру (1942-2021), познатиот актер и режисер од Романија и прв Министер за култура по падот на Чаушеску.
За втор претседател на Академија Балканика Еуропеана беше избран, македонскиот писател со интернационално реноме, Јордан Плевнеш, и заедно со врвни имиња од науката и уметноста од 12 земји од Југоисточна Европа ја продолжуваат дејноста на оваа прва наднационална академија, која ги гради мостовите за зближување на балканските цивилизации со поголем број проекти, коишто биле поддржани од УНЕСКО и поголем број светски фондации, а партнер е и на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз-Берлин-Вашингтон и на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“ во Преспа.
Од формирањето до денес, академијата го објавува списанито Bridge, чиишто глевен уредник е Башким Шеху, познат албански писател што живее во Барцелона.
Академија Балканика Еуропеана минатата година, заедно со романското Министерство за култура ја воспостави наградата „Јон Карамитру“ и прв добитник беше познатиот европски режисер Тиаго Родригез, директор на престижниот интернационален театарски фестивал од Авињон.
Со посебно внимание на симпозиумот беше поздравен фактот дека уште во 2008 година, во Градскиот парк на македонскиот град Прилеп, во присуство на голем број балкански и европски културни дејци, беше поставено мермерно обележје по повод десетгодишнината од смртта на швајцарскиот писател Никола Бувие (1929-1998), којшто во својот светски бестселер „Употребата на светот“ (1961), токму во Прилеп ја напиша славната мисла: „Балканот е срцето на Европа.“
„Како може без срцето на Европа да се гради Европскиот дух?!“ – запраша во името на сите европејци од Балканот, претседателот на на Академија Балканика Еуропеана, Јордан Плевнеш.
0 Comments

Портрети на Жан-Пјер Симеон и Јордан Плевнеш во Будва

9/10/2025

0 Comments

 
Picture

Жан-Пјер Симеон и Јордан Плевнеш со Претседателката на Р. Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во охридска Св. Софија


На интернационалниот фестивал “Кирилица“ во Будва,  на 7 и 8 септември беа презентирани портрети на минатогодишниот добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата, Жан-Пјер Симеон и на македонскиот писател Јордан Плевнеш.
Симеон беше претставен со избор од неговото творештво во интерпретација на црногорски актери, а Плевнеш одржа беседа за неговото дело како еден од најзначајните француски поети во светски рамки.
На фестивалот “Кирилица“ беше претставена една од најновите драми на Плевнеш „Кирил и Методиј – Who Are You?“, чие дејствие се случува на 17 точки од кризните жаришта во светот.
За последното француско издание на оваа драма, предговор напиша Жорж Бани, театролог со светско реноме. Токму со оваа драма, како што потенцира Бани и идејата на Св. Кирил и Методиј за „Цивилизацијата на љубовта“, која секојдневно е уништувана во светот, Плевнеш станува планетарен автор.
0 Comments

Предавање на Универзитетот Пантеон Асас Сорбона 2 на Јордан Плевнеш на тема: „Улогата на драмскиот жанр во тековите на светската историја

5/21/2025

0 Comments

 
Picture

​Потпретседателот на Пантеон Асас Фабрис Далмеида и Плевнеш пред портретот на Анастасов

​

​Како долгогодишен визитинг професор и член на комисија за докторски студии на Универзитетот Пантеон Асас Сорбона 2, македонскот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш одржа серија предавања пред судентите на постдипломски студии од областа на комуникации и хуманистички науки на тема: „Улогата на драмскиот жанр во тековите на светската историја од Антиката до денес“.
Предавањата кои предизвикаа голем интерес беа базирани на компаративни согледувања и примери кои се протегаат од митската храброст на „Антигона“ од Софокле, која повеќе од две илјади години е референца на светската цивилизација, до „Чекајќи го Годо од Бекет“ и жестоката критика на модерната епоха што ја живееме и денес „дека нема ништо посмешно од човечкта несреќа“, која продолжува на сите меридијани да ги уништува последните атоми на човечката надеж, со воените катастрофи, геноцидите, нуклеарните закани, еколошките и социјалните разорувања на планетата Земја. Оваа состојба ја потврдува и мислата на Питер Брук од документарниот портрет што Плевнеш го направи за овој светски режисер, кој беше гостин на Македонија и го отвори со своја бесмртна беседа Охридскиот амфитеатр по 2000 години тишина: „Ниедно уметничко дело не може да ги промени тековите на трагичната историја на човештвото и  уметноста е само илузија која останува да трае наспроти се како доказ  на непобедливоста на човечкиот дух“.
Предавањата беа одржани во рамките на Договорот на Пантеон Ассас и Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима во програмата Еразмус плус на Европската Комисија, кои се одвиваат во повеке сфери, како што е дигитализацијата на аудиовизуелните дела во европскта и светскта меморија низ научно истражувачки проекти и меѓународни конференциии.
Како што е познато токму Универзитетот Пантеон Ассас го предложи Плевнеш и тој стана носител на Grand Prix за животно дело на Француската Академија и Претседателот на Универзитетот Стефан Браконие, му го врачи највисокото  одликување на Француската влада „Командант на уметностите и книжевностите“.
По тој повод, портретот на Плевнеш дело на еден од најголемите македонски сликари Родољуб Анастасов, беше поставено во Свечената галерија на Пантеон Асас на елитата на Академскиот незаборав на еден од најугледните Универзитети во Франција и како своевидно признание на македонското високо образование на меѓународен план.
0 Comments

Книжевен портрет на Јордан Плевнеш во Софија

4/16/2025

0 Comments

 
Picture
​Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа литературниот настан „Портрет на Јордан Плевнеш во Софија“, замислен како средба со познатиот македонски писател Јордан Плевнеш. Вечерта започна со воведни обраќања на Александар Морфов, Христо Бојчев, Захари Иванов, а гости од народниот театар „Иван Вазов“ што исто така се обратија беа: Марин Јанев, Ања Пенчева, Василка Бумбарова, додека гости од Сатиричниот театар беа директорот Калин Сарменов, Теодор Елмазов и Јорданка Стефанова. Поздравен говор имаше академик Љубомир Кекеновски, претседател на Научниот совет на „Академиа Балканика Еуропеана“.
Од промоторите и пријателите на Плевнеш, како и од него самиот, посетителите можеа да слушнат за неговите дела и искуства и како тие искуства ги вплетува во литературното творештво. Посетителите исто така слушнаа за неговата поезија, неговите драми и романи, за искуствата од театарските сцени каде што се поставени и играни неговите драмски текстови. Даден беше осврт и на играниот филм „Тајната книга“, но и на многубројните документарни телевизиски филмови и портрети на значајни личности од сферата на културата, уметноста и јавниот живот. Посетителите имаа можност да запознаат еден забележителен автор од балканската и меѓународната книжевна сцена, познат по неговото творештво како македонски романсиер, драматург, поет и дипломат.
– Неговото пишување често ги истражува темите на идентитетот, егзилот и метафизичките комплексности на постоењето, како одраз на културните и историските вкрстувања на Балканот. Најпознатиот роман на Плевнеш, „Осмото светско чудо“, е опишан како филозофско патување низ времето и просторот, спојувајќи елементи на митологијата, историјата и надреализмот. Неговите ликови често живеат во лиминални простори, и географски и духовно, пресликувајќи ги сопствените искуства на Плевнеш како личност вкоренета на едно место, но интелектуално и уметнички номадски.

Гласот на Плевнеш како писател е лирски и интензивен, со поетски стил што ги спојува егзистенцијалните прашања со секојдневниот живот на неговите ликови. Неговиот јазик често е симболичен, слоевит со референци за балканскиот фолклор, античката историја и европските книжевни традиции, кои придонесуваат за богатиот безвременски квалитет на неговите дела – беше кажано на настанот.
Јордан Плевнеш е еден од најзначајните современи македонски драмски автори. Неговите драми се преведени и играни во голем број театри во земјата, регионот и пошироко во Европа и светот. Тој е долгогодишен претседател на ИТФ „Актерот на Европа“, претседател на „Фестивалите на кинематографиите на Југоисточна Европа“ во Париз и Берлин, претседател на интернационалното жири на Охридската академија на хуманизмот, амбасадор на Република Македонија во Франција, Шпанија и во Португалија. Тој e поет, драматург и романсиер. Драмите на Плевнеш се објавувани и изведувани во над триесетина земји во светот. Пишува на македонски и на француски јазик, а преведува од српскохрватски, грчки и од француски јазик. Прва негова публикувана книга е збирката поезија „Теорија на отровот“, објавена во 1980 г., по што следуваат драмите „Еригон“, „Мацедонише цуштенде“, „Југословенска антитеза“, „Р“, „Подземна република“, „Безбог“, „Среќата е нова идеја во Европа“, „Последниот ден на Мисирков“, „Глобална комедија“ и други. Романот „Осмото светско чудо“ е негов прв роман, објавен 2005 година.
0 Comments

Предавања на Плевнеш на Пантеон Асас Сорбона на тема : Драмата во политичката историја на светот од Антика до денес

11/14/2024

0 Comments

 
Picture

Јордан Плевнеш со претседателката на Француската академија Елен Карар Данкос

Во текот на ноември, Јордан Плевнеш како македонски автор со меѓународно реноме  и Претседател на ИУ Еуропа Прима", одржува серија предавања на постдипломските студии на универзитетот Пантеон Асас Сорбона на тема : Драмата во политичката историја на светот од Антика до денес,  каде се разработуваат темите на драмскиот жанр на светски план со историските превирања на сите меридијани.

Со оглед на фактот што тој ја доби наградата за животно дело, Гран при на Француската академија , токму на предлог на овој претсижен Универзитет, Претседателот на Универзитетот Стефан Браконие неодамна му го предаде Високото признание на Француската влада  Командант на Уметностите и книжевностите, а уметнички портет на Плевнеш е поставен на ѕидовите на оваа институција и нејзината академска меморија.

Автор на портретот е големиот македонски сликар Родољуб Анастасов и тоа претставува врвна афирмација на македонската култура и образование  во Европа и светот.
​
На  барање на слушателите, Плевнеш ќе посвети посебен осврт на неговата најнова драма објавена оваа година на француски јазик во издание на Куќата на Европа и Ориентот, "Кирил и Методиј кој сте вие ", за која предговор напиша еден од најпознатите светски театролози Жорж Бани и кој е насловен "Јордан Плевнеш е планетарен автор".
Picture
0 Comments

УМЕТНИЧКИ ПОРТРЕТ И ПРЕДАВАЊА НА ПЛЕВНЕШ ВО ЦРНА ГОРА

9/25/2024

0 Comments

 
Picture
Picture
Македонскиот писател со меѓународно реноме и претседател на Меѓународниот универзитет Еуропа Прима, Јордан Плевнеш имаше уметнички портрет за неговото творештво на фестивалот „Кирилица“ во Будва, кадешто се презентираат врвни автори од балканскиот и европскиот простор.

Ретроспектива на неговото творештво беше прикажана низ видео снимки од различни изведби на неговите драми во светот, а беседа пред бројната публика за значењето на Плевнеш во светски рамки, одржа режисерот Горан Бјелановиќ.


Уметничката и академска турнеја на Плевнеш продолжи со три предавања во организација на Народната библотека од Подгорица „Радослав Љумовиќ“, за презентацијата на Македонија и балканските култури низ европските метрополи, како и за интеракциите во културниот и образовниот простор меѓу земјите кандидати за членки на Европската унија.

Предавањата беа одржани во духот на мислата на швајцарскиот писател Никола Бувие, „Балканот е срцето на Европа“ и беа проследени од голем број на културни работници и студенти на црногорските универзитети, низ живи дебати кои предизвикаа голем интерес и во црногорските медиуми.
​
На предавањата во кои делото на Плевнеш беше претставено од директорката на библиотеката Славица Иличиќ, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Црна Гора, проф. д-р Зекир Рамчиловиќ.

Picture
0 Comments

„Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јoрдан Плевнеш презентирана на манифестацијата Театарска Европа во Париз

3/27/2024

0 Comments

 
Picture
Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш синоќа, во очи на Светскиот ден на театарот, во Парискиот театрски центар Шарентон беше презентирана заедно со десетина познати автори од европските земји во организација на издавацот „Куќа на Европа и Ориентот“.

На презентацијата беа изведени повеќе сцени од драмата од француски актери, во режија на Доминик Долмиеа исто така беше презентиран и предговотот на Жорж Бани, еден од најзначајните светски театролози, кој  го наслови својот текст: "Јордан Плевнеш е планетарен автор".

Драмата предизвика голем интерес кај бројната публика и бидејќи е базирана на приказна за враќањето на Свети Кирил и Методиј во нашево време, на големи политички,воени, терористички и хуманитарни  катастрофи, кои се одвиваат насекаде во светот меѓу Киев, Москва,Блискиот исток, Њујорк и Баканот, беше доживеана како уметничко истражување низ драмска форма на прашањето, дали може да биде уништена човечката надеж на сите меридијани или ќе победи духовната визија на Кирил и Методиј, кои беа прогласени за заштитници на Европа од Папата Јован Павле Втори во 1980 година, единаесет векови по нивната смрт. Имено, нивната визија се состои во нивното уверување дека човештвото треба повторно да ја пронајде
смислата на постоењето низ определбата : "Цивилизација на љубовта и Носталгија по единството".
0 Comments

Промоција на" Кирил и Методиј кои сте вие" од Јордан Плевнеш на Пантеон Асас во Париз

11/14/2023

0 Comments

 
Светската промоција на француското издание на драмата „Кирил и Методиј кои сте вие“ од Јордан Плевнеш, во издание на Куќата на Европа и Ориентот, се одржа синоќа на Универзитетот Пантеон Асас Сорбона 2 во Париз, со учество на престижна  академска и книжевна плејада.
​
Промоцијата беше отворена од потпретеседателот на Универзитетот Фабрис Далмеида, еден од најпознатите француски интелектуалци  кој, го истакна фактот дека токму на предлог на оваа институција Француската академија му ја додели на Плевнеш Наградата Гранд При за животно дело.

 Изданието на драмата е со предговор на еден од најголемите светски театролози Жорж Бани (1943-2023), автор на монографии за Шекспир, Чехов, Брехт, Кантор,Питер Брук,Антоан Витез, итн.,  кој во оваа книга го напиша  својот последен текст со наслов: "Јордан Плевнеш е планетарен писател".

За драмата која е во превод на Фроса Пејоска-Бушро од македонски на француски, говореа францускиот поет и драматург Жан-Пиер Симеон, издавачот на „Собраните драми“ на Плевнеш на француски Франсис Комб, режисерот Патрик Вершурен (кој веќе четири децении ги поставува драмите на Плевнеш насекаде низ светот, како и претседателот на Академјата Маларме, Силвестр Клансие.
 
Сите говорници го истакнаа феноменот дека творештвото на Плевнеш го афирмира македонскиот идентитет во европски и светски рамки и токму оваа драма "Кирил и Методиј кои сте вие "е неприкосновен прилог кон глобалната трагикомедија, во која се уништува и последното зрно на човечката надеж, иако средновековните рамноапостоли говореле за "Цивилизација на љубовта и носталгија по единството " што никаде ги нема, освен во самотијата на уметничкиот сон.

Извадоци од драмата презнтираше актерот на Комеди Франсез Иг Баде, а специјалнен гостин на промоцијата бесе Елена Стојчевска, професор по флејта на парискиот Конзерваториум Моцарт која го презентираше делото за соло флејта од македонскиот композитор Томисалв Зографски посветено на Клод Дебиси.

Промоцијата му беше посветена на бесмртниот македонски актер Мето Јовановски (1946-2023), кој токму во Градот на Светлината, како и низ повеќе градови на Франција, ја играше главната улога во пиесата "Европа"  реализирана  од група на македонски актери од Драмски Театар и од францускиот театар Ефемерид, според романот на Ромен Гари во адаптација на Рене Калиски, во превод на Лилјана Плевнеш, а во режија на Патрик Вершурен. Тој во Париз исто ја доби Наградата "Актер на Југоисточна Европа“ од рацете на францускиот актер Тјери Фремон.
 
0 Comments

ПОВЕЛБАТА „ЗОРАН РАДМИЛОВИЌ“ ДОДЕЛЕНА НА ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ

10/30/2023

0 Comments

 
На 32-иот Фестивал "Денови на Зоран Радмиловиќ" што се одржа од 17 до 24 октомври  во Заечар,Република Србија, Повелбата што го носи името на култниот југословенски актер Зоран Радмиловиќ му беше свечено доделена на македонскиот писател Јордан Плевнеш за неговиот творечки опус во Театарскиот музеј на овој  град,  пред бројната публика и гости на Фестивалот од повеќе балкански и европски земји.

Со пригодна беседа Одлуката на Уметничкиот совет ја соопшти Претседателот на Фестивалот Владимир Ѓуричиќ, а за творештвото на Плевнеш зборуваше Боро Драшковиѓ, театарски и филмски режисер со меѓународно реноме. Драшковиќ истакна дека делото на Плевнеш,кое е објавено и изведувано на голем број светски сцени, колку што и припаѓа на македонската култура, толку е и дел од балканската, европската и светската култура.
​
На крајот се обрати Лауреатот Плевнеш, кој истакна дека ова признание со името на Зоран Радмиловиќ ја остварува неговата мисла дека "Уметноста е единствениот бастион кој што може да го спаси светот, во ова време на општа безнадежност што владее на Планетата во која секојдневно се уништува и последниот атом на човечката надеж!
Picture
0 Comments
<<Previous

    Archives

    January 2026
    May 2022
    March 2022
    February 2022
    August 2021
    July 2021
    July 2020
    June 2020
    December 2019
    November 2019
    September 2019
    July 2019
    April 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    August 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    May 2017
    March 2017
    September 2016
    June 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    March 2015
    February 2015
    December 2014
    October 2014
    September 2014
    July 2014
    June 2014
    May 2014
    March 2014
    February 2014
    January 2014
    December 2013
    November 2013
    October 2013
    September 2013
    July 2013
    June 2013
    March 2013
    February 2013
    January 2013
    December 2012
    October 2012
    September 2012
    July 2012
    June 2012
    May 2012
    March 2012
    February 2012
    December 2011
    November 2011
    October 2011
    September 2011

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.