
Уметноста, за разлика од политиката, не познава граници, длабоко е уверен Јордан Плевнеш, писател, балканофил, иницијатор на многу културни манифестации и фестивали. Еден од тие фестивали е „Актерот на Европа“, кој во Преспа се одржува веќе десет години, длабоко вткаен во манифестот на францускиот писател Жак Лакариер, кој го создаде токму во чест на фестивалот, со наслов „Илјадници вчера, но само едно утре“. Дека ова мото го оправдува самото постоње, зборува и фактот дека идното издание ќе се одвива и во другите две држави на кои излегува Преспанското езерото – Грција и Албанија.