„Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“, се занимава со потрагата по модерната Ифигенија, ги открива модерните невини жртви и трага по одговорите каде не води старата и новата историја на Балканот. Претставата учествува во натпреварувачкиот сегмент на Фестивалот, кој го отвори актерката Мира Бањац.
Во претставата играат актерите Рубенс Муратовски, Игор Ангелов, Жарко Димоски, Трајанка Илиева Таци, Валдета Исмаили, Гордана Ендровска, Маја Вељковиќ - Пановска, Александра Павлова, Катерина Аневска, Емилија Мицевска.
Претставата беше поздравена со овации од новосадската публика.