За време на дводневната работа, на форумот настапија голем број на државници, Претседатели, Министри за образование и наука, како и претставници на високи академски институции во светот.
Ректорот Плевнеш го истакна лидерското место на Република Македонија во Југо-Источна Европа, изразено преку организација на манифестации од областа на културата и уметноста, што на Македонија и на целиот регион им отвора перспективи за интеграција и промовирање на мирот како единствена алтернатива на човештвото, наспроти историските контраверзи кои што го следат овој регион.
Во своите контакти со највисоките претставници на оваа организација, Ректорот Плевнеш предложи Македонија да биде домаќин на еден собир на Југо-Источна Европа во 2012 година, под наслов “Високото образование во Југо-Источна Европа, како вектор на културата и мирот”, во координација со бирото за Југо-Источна Европа на УНЕСКО во Венеција