SEE IP ART TV е замислена како телевизија која би се емитувала на интернет и би ги поврзувала културните и образовните системи на Балканот и земјите на Југо-Источна Европа. Проектот предизвика жив интерес помеѓу учесниците на овој собир кој ја трасира иднината на европската интеграција на балканските земји, а Универзитетот за аудиовизуелни уметности беше посочен како еден од главните подвижници на европеизацијата на Балканот.
Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Г-динот Јордан Плевнеш на Граѓанскиот форум на Самитот на Западен Балкан во Виена го презентираше проектот “Аудиовизуелните мостови на Југоисточна Европа” преку искуствата на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз (SEE a Paris) и Берлин(SOE in Berlin). Покрај тоа беше презентиран и двегодишниот научно истражувачки проект SEE IP ART TV, во кој се вклучени поголем број на професори од Универзитетот за аудиовизуелни уметности и експерти од Европа и Балканот .
SEE IP ART TV е замислена како телевизија која би се емитувала на интернет и би ги поврзувала културните и образовните системи на Балканот и земјите на Југо-Источна Европа. Проектот предизвика жив интерес помеѓу учесниците на овој собир кој ја трасира иднината на европската интеграција на балканските земји, а Универзитетот за аудиовизуелни уметности беше посочен како еден од главните подвижници на европеизацијата на Балканот.
0 Comments
„Љубовта и единството не се теми на денешниот глобален свет. Единство нема ниту во Европа и Америка, ниту на Истокот, ниту на Балканот, ниту на архипелазите“. Ова беше воведната реплика на актерот Ѓорѓи Јолевски во претставата „Кирил и Методиј: who are you?“ која ја доживеа својата праизведба на 14 Август 2015 на летната сцена „Долни Сарај“ во рамки на годинешното издание на Охридско лето. Актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во копродукција со „Сфумато“ театарот од Софија и „НЕТА“ од Љубљана, покажаа извонредна актерска игра која предизвика големи импресии кај публиката. Јордан Плевнеш кој е авторот на драмскиот текст, рече дека има голема симболика што во тоа што оваа претстава за прв пат се изведува токму во Охрид.
Режисерот на претставата, Мартин Кочовски вели дека основната порака на претставата е дека треба да и дадеме малку повеќе простор на духовноста.
Инаку претставата „Кирил и Методиј: who are you?“ е современа претстава со рефлексија на историска тема во која кризата во денешниот современ свет, дехуманизацијата, гладта за љубов, превласта на парите и импреријализмот умешно се поврзуваат со филозофијата на браќата Кирил и Методиј за обединување и љубов меѓу сите нации. Превземено од www.ohridnews.com |
Archives
March 2017
Categories |