
SEE IP ART TV е замислена како телевизија која би се емитувала на интернет и би ги поврзувала културните и образовните системи на Балканот и земјите на Југо-Источна Европа. Проектот предизвика жив интерес помеѓу учесниците на овој собир кој ја трасира иднината на европската интеграција на балканските земји, а Универзитетот за аудиовизуелни уметности беше посочен како еден од главните подвижници на европеизацијата на Балканот.