На 25 Март 2015, со почеток во 10 часот, во Мултимедијалниот центар на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ - Скопје, ќе се одржи одбраната на магистерскиот труд "Митопоетиката во раните драми на Јордан Плевнеш" на магистрантот Софија Тренчовска, под менторство на професор д-р Кристина Николовска.
0 Comments
На меѓународниот саем на книгата во Лајпциг, на 14 март, на штандот на Лајпцигер Литературверлаг, ќе се одржи промоција на германското издание на романот “Осмото светско чудо” од Плевнеш, во превод на Вил Фирт. Лајпцигер Литературверлаг е издавачка куќа која до сега објавила поголем број автори од Југо-Источна Европа, помеѓу кои Мирослав Крлежа, Милош Црњански и Александар Тишма.
За романот на Плевнеш ќе говорат повеќе претставници на критичката мисла, а авторот ќе потпишува од примероците на романот за време на саемот, како и во неколку книжари во Лајпциг, каде што ќе бидат организирани средби со читателите. Во текот на јуни оваа година, изданието на романот ќе биде презентирано и на Универзитетот Хумболт во Берлин. |
Archives
March 2017
Categories |