Во тридневната работа во која учествуваат врвни експерти од различни културни и универзитетски институции, конгресот треба да го трасира патот на иднината на европското духовно зближување, преку преводот и културните комуникации, кои се единствени одговори за надминување на економската криза која владее со денешната историска реалност.
Во духот на геслото на Умберто Еко дека “единствениот јазик на Европа е преводот”, европската културна платформа, низ овој конгрес ќе апелира на културно зближување помеѓу народите и културите на стариот континент. Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, на покана на организаторите во Брисел е присутен на овој значаен европски настан низ учеството и излагањето на Ректорот Јордан Плевнеш на тема “Македонија као лидер на културната европеизација на Балканот” и Лилјана Котевска Плевнеш со излагањето “Книжевниот превод како мост на Европските културни зближувања”.
На крајот од Конгресот што се одвива Егмонт палатата во Брисел, се очекува донесување на заедничка декларација за европското културно единство.
Повеќе информации за конгресот на: www.petra2011.eu