
Точно пред три години по Универзитетот Сорбона
Почитуван Роберт Вилсон, Македонија Ве прогласува за
Doctor Honoris Causa на Универизтетот за аудиовизуелни уметности,
Европска Филмска, Театарска и Танцова академија, Скопје - Париз - Есен - Ротердам
И Македонскиот Народен Театар е среќен што Вие сте сега на неговата сцена
Покрај реката Вардар, што уште Хомер ја споменува во Илијадата како славниот Аксиј.
Ве поздравуваат Големата Мајка и Менадата
Зошто Македонија се смета како Ел Дорадо на европскиот неолит
Ве поздравуваат амфитеатрите што се наоѓаат на тлото на Република Македонија
Во салата на МНТ во вид на духови од пред повеќе милениуми се присутни,
Актери, сатири и антички хорови, со игри песни и лири,
Од амфитеатарот Лихнидос во Охрид,
Кој со своја порака го откри Вашиот славен колега Питер Брук,
После две илјади години тишина, во Август 2001.
Ве поздравува амфитеатарот Хераклеа со Главата на поетот
Што се чува во Британскиот музеј во Лондон,
Ве поздравува амфитеатарот во Стоби на реката Еригон што се влива во Аксиос,
Каде што е подигната една од првите синагоги во Европа,
Ве поздравува амфитеатарот во Скупи,
Со статуите на римските императори
И сите неоткопани амфитеатри, каде сеуште се слушаат
Античките протагонисти и антагонисти,
Кои играа во последната трагедија на Вашиот омилен автор Еврипид,
Која се викаше „Архелаос или почетокот на народите“,
Бидејќи тој самот го заврши сопствениот живот во
Селото Аретуса или Маслар,
Кое се наоѓа на два сати птичји лет од оваа сцена
На која Македонија Ве прогласува за Doctor Honoris Causa
Веднаш по Сорбона!
За да се движиме низ историјата
Ве поздравуваат и едни од најстарите теракотни икони
Пронајдени во едно лозје во Виничкото Кале,
Ве поздравува и фреската на Ангелот од Курбиново,
И Св. Матеј од Охридската галерија на икони
Ве поздравуваат и стиховите од Вашата претстава Руми
И гласот на Мевлана што одекнува во текињата што ги
Опиша нашиот заеднички пријател Кудси Ергунер,
Што Ви беше композитор на истоимената претстава,
И што ја работеше музиката на мојата драма „Р“ ,
Во Марсеј во режија на Мемет Улусој
Ве поздравуваат и Шарената џамија во Тетово и Куршумли Ан во Скопје
Од славните градби на Отоманската империја
Низ зборовите на апостол Павле, кои и денска одекнуваат
Во македонската мултиетничка духовна ствароност:
„Ако Љубов немаш ништо немаш“
Со таа Љубов ќе ја евоцираме Вашата театарска и визуелна револуција
Што Вие ја направивте на сите пет континенти на планетата Земја
Вие сте револуционер и пред да се родите
Бидејќи таа започна со Вашето раѓање на 4 октомври 1941 г. во екот на Втората светска војна
Во Вако, во американската држава Тексас
И Вие бевте уште дете, кога Теодор Адорно рече:
„Како е можно да се мисли на поезија и уметност после ужасите на Аушвиц“,
Но, бидејќи заборавот е основа на светската историја
Борхес напомена дека: „Единствено нешто што е бесмртно во историјата е самото човештвото“
Вие самиот, како и сите сами и осамени личности што ја градат идејата насветската цивилизација
Започнавте да го барате својот израз,
И низ архитектурата, низ танцот и низ визуелните уметности
Кои се прекршуваат низ театарот на Шекспировата Сцена на Светот
И бидејќи денес сте гостин на Македонија и на Балканот
ќе Ви ја посветиме Вам, една од најубавите реченици на
Проучувачот на балканската цивилизација, професорот Бранко Гавела
Кој го опиша индивидуалниот раст во уметноста со следните зборови:
„Окован во тело, човечкиот дух растеше од материјата како цвет од каменот“
Добредојдовте Роберт Вилсон, добредојдовте цвету од каменот!
Вашата танцова, театарска и визуелна револуција започнува со
Мерс Канингем, Марта Грејем и Џорџ Баланшин
И потоа Вие се движите во бескрајот што сам го создавате,
И тој бескрај го носи Вашето име бидејќи „Ајнштајн на плажа“, заедно со
Композиторот Филип Глас постигна таков светски успех
Што Вие бевте доживуван како ново тектонско поместување
Во сценските и визуелните уметности чиишто
Плодотворни благодети, не само што ја фасцинираа т.н.
Транс Атлантска цивилација помеѓу Европа и Америка
Туку со Вашите појави на БИТЕФ во Белград 1971
И на Шираз-Персеполис фестивалот во Иран во 1972
Вие почнавте да ја будите илузијата дека театарот ќе го промени светот
Таа илузија продолжи со страшно темпо:
Преку Шекспировиот Крал Лир и неговиот и Ваш монолог на Хамлет,
Преку Хамлетмашинатаи сите други Хајнер Милери
Кои и денес се присутни во нашето сеќавање
Дека нова утопија ќе го спаси светот , а никако да го спаси
Преку Црниот Јавач со Вилјам Бароуз и Том Вејтс,
Парсифал и Прстенот на Нибелунзите од Рихард Вагнер
Преку Бихнер, Ибзен,Брехт, Бекет,
Преку ВУМ видео портретите и бесмртната игра на Баришников
И инсталациите што ги вознемирија духовите на Венеција, Токио и Осло
Стигнувајќи до Русија, Индија и Кина
И Вашата последна изложба во Лувр
Каде што направивте да плаче целата ликовна и скулпторска класика
А светот никако да биде спасен !
Во Скопје Вие стигнавте од премиерата на Фауст во Париз,
Земјината топка ја потресуваат војни, уништувања, милиони невини жртви и бегалци
И овде во името на оваа церемонија јас би сакал да Ви го одвлечамв вниманието
На значењето на зборот Планета, што доаѓа од името Планетос – или осамен човек- скитник
Вие сте планетос и бидејќи сте во регионот на Балканот, кадешто се одвивала
Првата драма на бегалци од грчко-персиската војна,
Кога Историчарот Херодот бил жестоко нападнат од своите современици
Дека безобзирно го зголемува бројот на мигрантите што тогаш изнесувал олоку 30 000
Трагичарот Софокле истапил со текстот „Одбраната на Херодот“
Во којшто го подвекол хуманизмот на Херодот во односот со бегалците,
Две и пол илјади години после тој настан,
Високоиот комитет за бегалци при Обединетите нации,
Објавува дека денеска официјано регистриран број на бегалци во светот е 273 милиони луѓе
Што може денеска шекспировата Сцена на Светот
И Роберт Вилсоновата визуелна револуција да одговорат на ова прашање?
Дали уметноста е тотално немоќна пред воените разурнувања
Со кои Големите сили го владеат светот?
Драги Роберт Вилсон, на крајот од оваа беседа со којаВе прогласуваме за Doctor Honoris Causa,
Ќе Ве потсетам на предавањето на Албер Ками во Бруклин Колеџот во Њујоркво 1946 г.
За кого Сартр рече дека е последно чудо на Медитеранот
Ги кажа следните зборови:
„Сите идеологии ќе исчезнат и само една тиранија ќе остане да владее врз беспомошното
човештво , а тоа е Тиранијата на парите“.
Бидејќи Вие сам по себе сте Глобална револуција
Во духот на Бодлеровиот стих дека „се почнува од Еден и се завршува во Еден“
Нека никне како цвеќе во каменот Вашиот ВУМ портрет на планетата Земја
Во која еден единстевен миг и ништо повеќе ќе веруваме дека сме спасени.
26 септември 2016 г. Скопје