Светските личности за Плевнеш
Роберт В. Кариган – Декан на Школа за уметности и хуманистички науки, Универзитет Тексас во Далас (The University of Texas at Dallas). Текст по повод американската праизведба на “Р” во UTD Театарот во Далас. Април 1988
Врвното доживување на мојата посета во Македонија беше можноста да ја видам првата изведба на “Р” во Драмскиот театар во Скопје во режија на Љубиша Георгиевски. Наспроти фактот што не го познавам македонскиот јазик, бев трогнат од оваа извонредна драма. По само неколку минути, знаев дека делото на Плевнеш ќе биде значаен прилог во Интернационалниот театарски репертоар.
Жак Селер, француски актер и режисер во Figaro, 01.06.1993, за праизведбата на “Р” во Париз во тетараот Силвиа Монфор
Да се дефинира “Р” на Јордан Плевнеш е многу тешко и исто толку деликатно како да се зборува за делото на Бекет. Ако го раскажувате Плевнеш, не можете да ја пронајдете вистинската реченица. Тој е цел еден свет. Тоа е исто како да речете за “Чекајќи го Годо” дека е приказна за двајца бескуќници. Плевнеш ги поставува сите прашања на модерно време со колосален хумор. Ги сакам тие пиеси што Ви го корнат срцето, а остануват смешни.
Херберт Лотман (Herbert Lottman), биограф на Алберт Ками и Густав Флоберт и Амадео Модилијани
Пред 30 години го сретнав Плевнеш како млад македонски писател и уште тогаш тој ми рече дека може цела вечност да ми зборува за македонското прашање. Подоцна го открив како драматург игран во многу земји во светот, со концепт на унивезалност на духот што ги соединува народите. Тој се движеше низ светот само со својот талент, сами кон него доаѓаа преведувачите, издавачите и театрите, кон неговите дела што се изведуваат и денес насекаде. И “Среќата е нова идеја во Европа” и “Осмото светско чудо” ја изразуваат силата на неговиот книжевен хоризонт и силата на обраќањето на целиот свет како целина. (Извадок од говорот на Сорбона, објавен во лондонското списание “Bookseller”, 2006)
Joseph E. Bigio (историчар на Европа) The Future of Europe
Знаењето на Плевнеш за свропската културна историја не остава без здив. Просто тоа е волшебно. Во драмата “Среќата е нова идеја во Европа” ние се прашуваме до крајот зошто овој континент никогаш не го создаде чувството дека може да биде обединета фамилија. (Од експозето на Бигио за Симпозиумот Иднината на ЕВропа, Париз, 1997)
Ив Буасе (Yves Boisset), од каталогот на третото издание на Францускиот филмски фестивал, Охрид – Париз, 2010
Еден вид балкански Мариенбад прекрасно сместен на раскошните брегови на едно од најубавите планински езера во Европа. Охрид, оаза благословена од боговите, каде што секоја година се собираат француските синеасти и претставниците на брзо развивачките балкански кинематографии.
Сите Македонци се поети, тврди нивниот неоспорен пцалт, писател кој уште сега заслужува да ја понесе Нобеловата награда, Јордан Плевнеш. Поетите ја имаат таа неизмерна добродетел да умеат да си ги живеат сништата.
Даисаку Икеда, јапонски филозоф
Јордан Плевнеш е претставник на највисоките вредности на европските книжевни легенди, бидејќи светлината на хуманизмот ја носи во своето срце и ја подарува низ секој свој настап, низ секоја своја книга и наликува на бистрите води од неговото родно Охридско Езеро, што преку своите книги ги подарува на глобалниот свет како да ја раскажува македонската приказна од најстарите приказни до денес. (Свечена церемонија на Универзитетот во Токио, по повод доделувањето на Интернационалната награда за хуманизам, за делото на Плевнеш. 05.05.2007)
Коста Гаврас, филмски режисер со светско реноме, за драмите на Плевнеш
Вонредно многу ја сакам пиесата “Еригон” на Јордан Плевнеш, каде што комплексноста на балканскиот идетитет се открива во сите свои комично-трагични димензии. Во “Р” ја сакам нејзината структура, исклучително оригинална и нејзиниот хумор то те освојува од сите страни, а пак во “Среќата е нова идеја во Европа” се прашуваме цело време додека ја гледаме или читаме што е овој европски лавиринт во кој сме сите заробени без да најдеме одговори. (Кореспонденција Гаврас – Плевнеш, 2003)
Јан Јанкович, Академик, Словачка
Македонскиот драмски писател Јордан Плевнеш, си обезбеди свое високо место во европската драматургија. Тој е еден од најиграните македонски драматурзи во светот, токму со неговата универзална димензија што е подеднакво важна на секој меридијан и во секое човечко срце. (Предговор во изданието на “Р” во Словачка, Братислава, 2010)
Жак Лакариер (Jacques Lacarriere, француски писател со интернационално реноме 1925-2005)
Како може да се биде или да се не биде Балканец, на ова прашање со една неверојатно горлива актуелност Јордан Плевнеш одговара со неговите траги-комични пиеси, неговите фарси се толку безгранични што ги оставаат далеку зад себе си таканаречените досетки од театарот на апсурдот. (Во предговорот на третото издание на Еригон на француски јазик, 2004)
Клод Дунетон (Claude Duneton), француски пистаел и книжевен историчар.
Јордан Плевнеш е исклучително оригинален автор за кого слободно можеме да речеме дека е драмско копиле од братучедот на најтесната фамилија на Еврипид. (Во делото бестселер “Смртта на францускиот јазик”,Париз, 2000 година)