Jordan Plevnes
Contact:
  • Новости
  • News
  • Biography / Biographie / Биографија
    • Biography
    • Biographie
    • Приватна револуција
    • Хронологија
  • Reviews / Критики
    • Од светската критика
    • Светските личности за Плевнеш
    • Рекоа за Плевнеш
  • Photo / Фотографии
  • Video / Видео
  • Тајната книга / The Secret book
  • Projects / Проекти
  • Contact

НОВА ПОСТАНОВКА НА „ЕРИГОН“ ОД ПЛЕВНЕШ ВО РЕЖИЈА НА ЈАНИ БОЈАЏИ 

9/25/2015

0 Comments

 
Picture
Драмски театар Скопје на 24 Септември премиерно ќе ја изведе претставата „Еригон“ од Јордан Плевнеш во режија на Јани Бојаџи, праизведена во 1982 година во режија на Љубиша Геогриевски.
Уметничкиот директор на ДТС Рубенс Муратовски на прес-конференција рече дека е храброст да се обнови претстава која била култна како што „Еригон“ била пред 33 години кога ги освоила наградите на најголемите фестивали во регионот, на Стериино позорје во Нови Сад, МЕСС во Сараево и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.  
- Во 1982 Плевнеш и Георгиевски се прашале дали и колку е естетски чин да се биде Македонец. Тоа се прашуваат генерации потоа, рече Муратовски.
Режисерот Бојаџи истакна дека „Еригон“ му била една од детските мечти, а кога пред 14 години почнал да се занимава со театар му била една од трите сценски предизвици, покрај „Тетовирани души“ и „Вејка на ветрот“. 
- Жал ми е што не се променио ништо за овие 40 години. Тогаш ова било направено со огромна страст и со една единствена намера нешто да се промени, и по толку време не се променило ништо. Јас сум прва генерација Македонец роден во Републиката и исклучително ми е непријатно чувството кога треба да го живеам животот на мојот дедо. За жал, тоа е вистината. Четириесет години подоцна се зафативме да се обидеме да допреме до тоа што Плевнеш, Георгиевски, Петар Темелковски, Мето Јовановски... го отвориле тогаш, рече Бојаџи.
За да го постави повторно текстот на Плевнеш  бил воден од идејата за општествена одговорност на театарот и од идејата на Љубиша Георгиевски во книгата  „Антологија на театарот“ дека „театарот е јавен чин, а со тоа и политички пар екселанс“.
- Ако сакаме како уметници да бидеме општествено одговорни и да си го оправдаме скапиот леб кој овој народ во овие исклучително сериозни времиња го одвојува за нас, за ние да правиме театар, тогаш јас лично и моите соработници не сакавме да се занимаваме со личните фрустрации и со сопствениот ескапизам. За жал, реалната култура и уметност во Македонија во последните 15 години е претворена во лечилиште за личните фрустрации на авторите. Се обидовме да бидеме јасни, точни, едноставни и прецизни, да се занимаваме со проблеми кои зборуваат за овој народ, за оваа земја, не со претензии дека ќе ги решиме, туку со идеја дека 40 години по праизведбата повторно ќе ги преотвориме, додаде Бојаџи. 
Насловната улога овојпат ја игра актерот Игор Стојчевски кој во претходната постановка на „Еригон“, во 1999 година, бил статист додека бил студент во класата на Владе Цветановски кој тогаш ја режирал оваа претстава. - Исклучително тешка материја, горлива тема и горчливи прашања кои ги поставуваме, рече Стојчевски. 
Во актерската екипа се и актери на ДТС и студенти на Универзитетот ЕСРА: Роберт Вељановски, Гордана Ендровска, Кристијан Светиев, Христијан Поп Симонов, Миа Кантарџиева, Марина Поп Панкова, Соња Стамболџиоска, Дритон Вејсели, Ирена Илиевска, Александар Степанулески, Анастас Тановски, Благица Димитровска, Александра Павлова, Ѓорѓи Тодоровски (кој играл и во праизведбата во 1982), Едмонд Сотир, како и Петар Темелковски и Милица Стојанова кои се појавуваат на видео. Сценограф на претставата е Владо Ѓоревски, костимограф Невенка Тасева-Петровиќ, музиката е на Горан Трајковски. 

Превземено од Утрински Весник.

0 Comments

Плевнеш во Виенски Der Standard

9/11/2015

0 Comments

 
Picture
По настапот на Виенскиот граѓански форум, каде што го претстави проектот за културна телевизија на земјите од Западен Балкан “SEE IP ART TV”, Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш, објави авторски текст за високо тиражниот весник “Der Standard” од Виена, кој што го потпишува заедно со австрискиот историчар Кристоф Бенедиктер. Во текстот кој што носи наслов “Долгиот пат на Балканот во Европа”, се анализира сегашната состојба на бескрајната транзиција и се потсетува на весникот “Балканска федерација”, кој што беше покренат од поголем број балкански интелектуалци и хуманисти во 1925 година, точно пред 90 години го имале истиот сон како и денешните генерации во земјите на Западен Балкан.  

Целиот текст може да се најде на следниот ЛИНК.

0 Comments

Овации за Кирил и Методи во Букурешт

9/3/2015

0 Comments

 
Picture
Европската праизведба на пиесата “Кирил и Методи who are you” од Јордан Плевнеш во режија на Марин Кочовски, а во изведба на Народниот театар од Прилеп во ко-продукција со Сфумато театарот од Софија, Киклос театарот од Солун и Нета (Новата театарска акција во Европа), синоќа беше изведена на Големата сцена на Националниот театар во Букурешт во рамките на Европскиот театарски фестивал и наиде на сјаен прием кај фестивалската публика која ја награди со долготрајни овации.
По самата претстава разговорите ги водеше Жорж Бану, професор на Сорбона и Претседател на Интернационалната асоцијација на театарски критичари (AICT). Г-динот Бану поздравувајќи ги присутните гости рече дека оваа престава е вистински драмски чин кој создава планетарна драма што за прв пат во историјата на светската драмаургија го третира прашањето дали е можна цивилизација на љубовта низ делото Св. Кирил и Методиј. Тој подвлече и дека Јордан Плевнеш со оваа драма го достигнува врвот на својата естетика, која е богатсво не само за Македонија, туку и за Европа и Светот. Режијата на Мартин Кочовски беше оценета како револуционерно пледоаје кое од светот на Бертолд Брехт влегува со импозантна сила во светот на Плевнеш. Играта на актерите на прилепскиот театар и гостите од Бугарија и Грција, беше оценета како вистинска фасцинација и беа изречени суперлативи за истакнатиот актер Ѓорѓи Јолевски кој е носител на главната улога. Посебен акцент на храбриот спектакл даде легендата на романскиот теар Јон Карамитру, како и врвни книжевни имиња на Романија и гости од различни земји.
Амбасадорот на Република Македонија во Романија Панде Лазаревски, го оцени овој чин како историски настан и рече дека е најубавиот подарок за националниот празник 8 спетември - Денот на македонската независност, кој покажува дека со Кирил и Методи се освојува врвот на европската култура. Интернационалната Одисеја на претставата продолжува на Фестивалот Ристо Шишков во Струмица на 12 септември, а потоа и на фестивалот ExPonto во Словенија на 20 септември.

0 Comments

    Archives

    March 2017
    September 2016
    June 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    March 2015
    February 2015
    December 2014
    October 2014
    September 2014
    July 2014
    June 2014
    May 2014
    March 2014
    February 2014
    January 2014
    December 2013
    November 2013
    October 2013
    September 2013
    July 2013
    June 2013
    March 2013
    February 2013
    January 2013
    December 2012
    October 2012
    September 2012
    July 2012
    June 2012
    May 2012
    March 2012
    February 2012
    December 2011
    November 2011
    October 2011
    September 2011

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.