На штандот на Традуки, во рамките на претставувањето на авторите од Југо-Источна ЕВропа, Јордан Плевнеш ќе има презентација на романот во која ќе учествуваат повеќе германски и светски издавачи и дебата со броните посетители на овој престижен саем.
По завршувањето на саемот, на 17 март во 18.00 часот, во негова чест од страна на Германско-македонското друштво ќе биде организирана книжевна средба во Амбасадата на Република Макеоднија во Берлин, на кој што за романот "Осмотот светско чудо" ќе зборува професорката на Хумболт Универзитетот Весна Цидилко, која напиша опсежна студија за значењето на овој роман во евроопската книжевност.