Книгата содржи триесет и една песна, поделени во три циклуси и тоа: Реплики за Арс поетика, Екстатични песни и Магнаурски посланија. Сите песни во книгата „Уби поезија иби патрија“ се создавани во духот на античкиот трагикомичен принципи дека уметноста му е должна на секој човек посебно. Тргнувајќи од идејата на македонскиот поет Кочо Рацин, еден од хероите на ова дело, дека песната е молитва на Македонија и огледало на нејзината душа, авторот Јордан Плевнеш не води низ интернационална интимна одисеја во која имате чувство дека целиот свет може да биде препеан во тотална поезија како што ја нарекува шпанскиот нобеловец Винсенте Алеиксандре, кој Плевнеш го среќава во Мадрид во својата рана книжевна младост. „Уби поезија иби патрија“ ќе ве пренесе во времето без граници со незаборавен и краток поглед на Вечноста, која како и самата поезија е строго личен чин.
4 Comments
Познатиот македонски писател и сценарист Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, е избран за член на меѓународното жири на Монтенегро филм фестивал во Херцег Нови што ќе се одржи од 1 до 7 август на повеќе ексклузивни локации на Црногорското крајбрежје.
Како што соопшти ЕСРА, на годинашниот јубилеен Фестивал кој одбележува 25 години постоење, најавено е присуство на значајни имиња и дела од европската и светската кинематографија. Во селекцијата ќе бидат прикажани 80 филмови од сите жанрови, играни, документарни, кратки и анимирани. Во официјалната конкуренција за престижните награди на Монтенегро филм фестивал е и најновиот македонски филм „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски. Плевнеш ќе има специјално обраќање пред меѓународните филмски институции во Херцег Нови за фестивалот SEE A PARIS што од април годинава почна да ги претставува кинематографиите на сите 12 земји на југоисточна Европа во Париз. |
Archives
March 2017
Categories |