Како што соопшти ЕСРА, на годинашниот јубилеен Фестивал кој одбележува 25 години постоење, најавено е присуство на значајни имиња и дела од европската и светската кинематографија.
Во селекцијата ќе бидат прикажани 80 филмови од сите жанрови, играни, документарни, кратки и анимирани.
Во официјалната конкуренција за престижните награди на Монтенегро филм фестивал е и најновиот македонски филм „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски.
Плевнеш ќе има специјално обраќање пред меѓународните филмски институции во Херцег Нови за фестивалот SEE A PARIS што од април годинава почна да ги претставува кинематографиите на сите 12 земји на југоисточна Европа во Париз.