Во Свечената сала на Народниот театар “Иван Вазов” во Софија, во недела, на 24 Февруари, со почеток во 17.00 часот ќе се одржи промоција на бугарското издание на драмата “Р” од Јордан Плевнеш, во превод од македонски на бугарски јазик на Ганчо Савов, а во издание на софиската издавачка куќа Балканика. На свеченоста пригодна реч ќе одржи Претседателот на Балканика, Николај Стојанов, а извадоци од драмата ќе читаат првенците на Народниот театар, Марин Јанев и Ања Пенчева. Драмата “Р” беше изведена во Народниот театар “Иван Вазов” во октомври 1992 година, во режија на Љубиша Георгиевски, и тоа беше прво дело на македонски автор на сцената на Народниот театар во Софија, по прогласувањето на македонската независност. На премиерата се случи еден многу редок настан во новата балканска историја, Претседателите на двете држави, Жељу Жељев и Киро Глигоров беа заедно присутни на тој голем театарски чин. Како што е познато драмат “Р” е играна во над 20 земји во светот, за неа имаат пишувано водечките весници од сите континенти и е една од најиграните македонски драми на театарските сцени во светот.
3 Comments
|
Archives
March 2017
Categories |