Jordan Plevnes
Contact:
  • Новости
  • News
  • Biography / Biographie / Биографија
    • Biography
    • Biographie
    • Приватна револуција
    • Хронологија
  • Reviews / Критики
    • Од светската критика
    • Светските личности за Плевнеш
    • Рекоа за Плевнеш
  • Photo / Фотографии
  • Video / Видео
  • Тајната книга / The Secret book
  • Projects / Проекти
  • Contact

Европски стандарди во високото образование во Македонија

2/21/2012

2 Comments

 
Минатата недела на програмата на Македонската телевизија во рамките на емисијата “Од наш агол” се одржа дебата по повод последните рангирања на Универзитетите во Македонија од страна на Шангајскиот Универзитет. Во емисијата учествувааа Министерот за образование и наука на Македонија, Г-динот Панче Кралев, Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Г-динот Јордан Плевнеш, Деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Г-динот Димитар Трајанов, како и Про-Деканот на Филозофскиот факултет, Г-динот Никола Жежов. При тоа се дебатираше за стратегијата за унапредување на високото образование во Македонија и неговата интеграција во европските и светските текови. На крајот Ректорот на Универзитетот ЕСРА Г-динот Јордан Плевнеш, како учесник на Лидерскиот форум на УНЕСКО во името на Претседателката на Националната комисија за УНЕСКО, Г-ѓата Елизабета Канческа Милевска, а на предлог на Министерот за образование и наука, Г-динот Панче Кралев, го најави одржувањето на Регионалниот универзитетски форум “Промовирање и интегрирање на вредностите и принципите на културата на мирот во високото образовние”, кој треба да се одржи во јули оваа година, а со кој ќе претседава Министерот за образование Кралев.
2 Comments

Плевнеш во "Париз Лондон"

2/8/2012

2 Comments

 
Picture
_Француската ревија “Париз-Лондон” која ги презентира културните врски помеѓу главните градови на Франција и Велика Британија, во својот последен број донесува големо интервју со францускиот поет Луис Порке, во кое тој ги открива духовните фасцинации со големите имиња на светската култура кои влијаеле на неговото творештво. Покрај легендарниот сликар Салвадор Дали, поетот со меѓународно реноме Хенри Пишет, јапонскиот сликар Јаси Табуши и номадскиот мит на современата светска поезија Кенет Вајт, тој го наведува и творештвото на македонскиот драматург Јордан Плевнеш, кому Порке му посветува поголем број студии во француската книжевна периодика и чии што дела се изведени во 120 театри во Франција и на сите 5 континенти во Светот.

2 Comments

Ексклузивно интервју на Јордан Плевнеш на РТК

2/8/2012

3 Comments

 
Picture
_Балканот - Срцето на Европа
За време на работилницата на Европската Културна Фондација, која неодамна се одржа во Приштина, познатиот македонски пистел Јордан Плевнеш даде ексклузивно интервју за Радио Телевизија Косово, кое што беше превземено објавено и во приштинското списание “Zeri” и дневниот весник од Тирана “Gazeta 55”.
Во интервјуто што го водеше еден од најреномираните аналитичари и новинвари во регионот Ќани Мехмеди, Плевнеш зборува за круцијалните прашања на интеграцијата на Балканот во европските институции. Потсетувајќи на мислата на швајцарскиот писател Никола Бувие, изречена во неговото капитално дело “Употребата на светот”, дека “Балканот е срцето на Европа”, Плевнеш низ конкретните иницијативи што станаа културно-политичка реалност во регионот на Југо-Источна Европа и прозорец на Балканските култури кон светот, говори за фестивалот “Актерот на Европа”, кој се одржува на бреговите на Преспанското Езеро, прогласен од Европскиот парламент за “Меѓуграничен европски парк” и кој оваа година го прославува својот десет годишен јубилеј и за новоформираниот фестивал на Југо-Источно Европската кинематографија во Париз “SEE a Paris”, кој од минатата година е голем прдизвик за новите креативни имиња и појави во сите балкански земји.
Потсетувајќи на трагичните настани во просторите на поранешна Југославија и виталната енергија со која денес зрачат балканските култури, Плевнеш ја изнесува увереноста дека Балканот нема повторно да биде заробеник на анахроните шеми од блиското минато и дека неговата перспектива е во Заедничкиот европски дом.

3 Comments

    Archives

    March 2017
    September 2016
    June 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    March 2015
    February 2015
    December 2014
    October 2014
    September 2014
    July 2014
    June 2014
    May 2014
    March 2014
    February 2014
    January 2014
    December 2013
    November 2013
    October 2013
    September 2013
    July 2013
    June 2013
    March 2013
    February 2013
    January 2013
    December 2012
    October 2012
    September 2012
    July 2012
    June 2012
    May 2012
    March 2012
    February 2012
    December 2011
    November 2011
    October 2011
    September 2011

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.