
За време на работилницата на Европската Културна Фондација, која неодамна се одржа во Приштина, познатиот македонски пистел Јордан Плевнеш даде ексклузивно интервју за Радио Телевизија Косово, кое што беше превземено објавено и во приштинското списание “Zeri” и дневниот весник од Тирана “Gazeta 55”.
Во интервјуто што го водеше еден од најреномираните аналитичари и новинвари во регионот Ќани Мехмеди, Плевнеш зборува за круцијалните прашања на интеграцијата на Балканот во европските институции. Потсетувајќи на мислата на швајцарскиот писател Никола Бувие, изречена во неговото капитално дело “Употребата на светот”, дека “Балканот е срцето на Европа”, Плевнеш низ конкретните иницијативи што станаа културно-политичка реалност во регионот на Југо-Источна Европа и прозорец на Балканските култури кон светот, говори за фестивалот “Актерот на Европа”, кој се одржува на бреговите на Преспанското Езеро, прогласен од Европскиот парламент за “Меѓуграничен европски парк” и кој оваа година го прославува својот десет годишен јубилеј и за новоформираниот фестивал на Југо-Источно Европската кинематографија во Париз “SEE a Paris”, кој од минатата година е голем прдизвик за новите креативни имиња и појави во сите балкански земји.
Потсетувајќи на трагичните настани во просторите на поранешна Југославија и виталната енергија со која денес зрачат балканските култури, Плевнеш ја изнесува увереноста дека Балканот нема повторно да биде заробеник на анахроните шеми од блиското минато и дека неговата перспектива е во Заедничкиот европски дом.