На свеченоста која што денес (23 мај 2014) беше приредена по тој повод, со присуство на врвни имиња од бугарскиот јавен живот и култура, помеѓу кои актерите Рени Врангова и Стојан Алексиев, режисерот Александар Морфов и академскиот сликар Светлин Русев, во свечената сала Колегиум, наградата ја додели Министерот за култура на Р. Бугарија, Г-динот Петар Стојанович.
Претходниот ден Г-динот Плевнеш беше гостин на Интернационалниот театарски фестивал во Враца, каде што Претседателот на Фондацијата Балканика, Г-динот Николај Стојанов, го промовираше второто издание на драмата “Р” од Плевнеш, која е играна во 30-тина земји во светот. Во рамките на фестивалот на интернационалната работилница на агенцијата Нета беше промовирано и неговото ново драмско дело “Св. Кирил и Методи 11-века подоцна”, кое со актери од 10-тина словенски земји ќе биде изведено 2015 година на интернационалниот театарски фестивал во Букурешт.