
Конференцијата беше отворена од Ректорот на Универзитетот во Болоња, Ивано Диониги и во неа учествуваа еминентни експерти од најпознатите меѓународно котирани Универзитети кои дебатираа на клучната тема за модерната цивилизација: “Улогата на високото образование во иднината на човештвото и глобалната криза”. За време на Конференцијата во Болоња се одржуваше интернационалниот саем на уметнички книги АРТЕЛИБРО на кое свое предавање имаше еден од најголемите писатели и мислители на денешницата, Умберто Еко на тема: “Колекционерите на книги во Европа, од Ренесансата до денес”. Ректорот Плевнеш оствари одделна средба со Умберто Еко кој изрази посебен интерес за средновековните ракописи во Македонија, за глаголските и кирилските споменици и се очекува во блиска иднина, Умберто Еко да биде гостин на Универзитетот ЕСРА.