
20.12.2012 (четврток)
12.00 ч.
Кинотека на Македонија
Промотори:
- Д-р Маја Јакимовска Тошиќ, Институт за македонска литература при УКИМ
- Г-дин Томас Дикхаус, Раководител на Гете Институтот во Скопје
Издавачката куќа “Феникс” го објавува библиофилското издание на Осмото светско чудо, заедно со избор од текстовите на двата меѓународни книжевни симпозиума посветени на овој роман. Првиот на Универзитетот Сорбона во Париз, на 26.6.2006 година, по повод француското издание на романот, во едицијата La Table Ronde - Gallimard и вториот одржан на 20 и 21.11.2009 година, во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, со наслов: “Романот Осмото светско чудо од Јордан Плевнеш, низ призмата на дваесетгодишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид”.
Библиофилското издание ексклузивно е збогатено со ДВД од истоимената претстава на Народниот театар од Битола во режија на Владо Цветановски.
Библиофилското издание на “Осмото светско чудо” го посветувам на бесмртниот дух на мојот брат Владо Цветановски (1959-2012), кој сам по себе беше, со своето уметничко дело, олицетворение на херојот на овој роман: живееше педесет и три и пол години, колку што метри е висока Црквата на сеќавањето во Берлин и исчезна во Вечноста за 3,3 секунди.