Ове е трета монографија посветена на творештвото на Калеши, по монографиите на Исмаил Кадере и Жак Лакариер кои беа објавени во последнава деценија.
Во најновата монографија Плевнеш го ситуира Омер Калеши на врвот на интернационалното сликарство, низ иконографијата на неговата сликарска палета, која ги обединува Балканските цивилизации со европската и светската историја.