Симпозиумите организирани во рамките на конференцијата ќе бидат раководени од Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и основач на фестивалот SEE a Paris, Г-динот Јордан Плевнеш, а пред поголем број на Министри и Градоначалници од земјите од ЈИЕ, ќе се обрати и Генералната директорка на УНЕСКО, Г-ѓата Ирина Бокова.
Четвртата Регионална Конференција на УНЕСКО “Мостовите на Балканот зборуваат”, по веќе одржаните во Едрене - Турција, Ловеч - Бугарија и Берат - Албанија, овие денови, од 17 до 22 јули 2014, се одржува во Цетиње и Ријека Црнојевиќа во Црна Гора. На конференцијата присуствуваат голем број на млади синеасти и уметници од земјите на Југо-Источна Европа и истата се одржува под мотото “Запознај го соседот”. Сите содржини се реализираат во соработка со фестивалот SEE a Paris. При тоа како дел од програмата ќе биде прикажана селекција на наградени кратки, документарни и играни филмови, кои во изминатите четири години учествува на фестивалот на Југо-Источна Европа во Париз.
Симпозиумите организирани во рамките на конференцијата ќе бидат раководени од Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и основач на фестивалот SEE a Paris, Г-динот Јордан Плевнеш, а пред поголем број на Министри и Градоначалници од земјите од ЈИЕ, ќе се обрати и Генералната директорка на УНЕСКО, Г-ѓата Ирина Бокова.
0 Comments
Во познатата едиција “Модерен европски роман” на издавачката куќа OKF од Цетиње, Црна Гора, е објавен романот “Осмото светско чудо” од реномираниот македонски писател Јордан Плевнеш. Автор на преводот е Дарко Гашпаровиќ, хрватски книжевен критичар, чија што студија “Плевнеш од Еригон до Осмото светско чудо” е објавена во списанието Форум на Хрватската Академија на Науките и Уметностите. Промоцијата на романот е закажана за време на Меѓународната конференција на УНЕСКО, “Мостовите на Балканот зборуваат”, која ќе се одржи од 17 до 20 Јули во Ријека Црнојевиќа. Инаку овој роман до сега е објавен на 15 јазици во целиот свет. |
Archives
March 2017
Categories |