Минатата недела на програмата на Македонската телевизија во рамките на емисијата “Од наш агол” се одржа дебата по повод последните рангирања на Универзитетите во Македонија од страна на Шангајскиот Универзитет. Во емисијата учествувааа Министерот за образование и наука на Македонија, Г-динот Панче Кралев, Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Г-динот Јордан Плевнеш, Деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Г-динот Димитар Трајанов, како и Про-Деканот на Филозофскиот факултет, Г-динот Никола Жежов. При тоа се дебатираше за стратегијата за унапредување на високото образование во Македонија и неговата интеграција во европските и светските текови. На крајот Ректорот на Универзитетот ЕСРА Г-динот Јордан Плевнеш, како учесник на Лидерскиот форум на УНЕСКО во името на Претседателката на Националната комисија за УНЕСКО, Г-ѓата Елизабета Канческа Милевска, а на предлог на Министерот за образование и наука, Г-динот Панче Кралев, го најави одржувањето на Регионалниот универзитетски форум “Промовирање и интегрирање на вредностите и принципите на културата на мирот во високото образовние”, кој треба да се одржи во јули оваа година, а со кој ќе претседава Министерот за образование Кралев.
2 Comments
Leave a Reply. |
Archives
March 2017
Categories |