Jordan Plevnes
Contact:
  • Новости
  • News
  • Biography / Biographie / Биографија
    • Biography
    • Biographie
    • Приватна револуција
    • Хронологија
  • Reviews / Критики
    • Од светската критика
    • Светските личности за Плевнеш
    • Рекоа за Плевнеш
  • Photo / Фотографии
  • Video / Видео
  • Тајната книга / The Secret book
  • Projects / Проекти
  • Contact

Претседателот Пендаровски приреди прием во чест на Јордан Плевнеш, добитник на Големата награда „Ерве Делиен“

2/21/2022

0 Comments

 

Во Кабинетот на претседателот Пендаровски беше организиран прием во чест на македонскиот писател и поранешен амбасадор во Франција, Јордан Плевнеш, добитник на Големата наградата „Ерве Делиен“ за 2021 година.

Претседателот Пендаровски, како домаќин на приемот, во своето обраќање го потенцираше значењето на оваа Голема награда во рацете на македонски писател, која Француската академија му ја додели на Плевнеш за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и франкофонскиот простор.

Претседателот Пендаровски изјави: „Во годината во која Франција одбележува 400 години од раѓањето на великиот Молиер, овде меѓу нас е човек кој со своето дело и дух постојано и секаде го воспева и „јазикот на Молиер“, ја одржува жива франкофонијата на овие простори и ја промовира нераскинливата врска меѓу Балканот и Европа. Поводот за оваа наша средба е најдобрата рефлексија на она што сакаме да го негуваме, секогаш и секаде меѓу нас, а што Плевнеш постојано го нагласува: хуманоста, како основна вредност врз која културните и сите други разлики ќе бидат препознаени како богатство за кое вреди да се твори и живее. Ѝ благодарам на Француската Академија што ја препозна универзалната порака во делото на нашиот Јордан Плевнеш.“

На свечениот прием се обратија и амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер, како и лауреатот на наградата, Јордан Плевнеш.

Амбасадорот Бомгартнер изјави: „Посебно сум среќен што сум овде со вас денес, на оваа свеченост, бидејќи сакаме да Ви оддадеме почит, драг господине Плевнеш, за вашите достигнувања и заслуги. Вие сте добитник на Големата награда на Франкофонијата „Ерве Делиен“ што ја доделува Француската академија. Се радуваме за оваа голема чест преку пријателството кое го негуваме а наградата е уште позаслужена бидејќи вие сте несомнено најеминентниот франкофонски писател од Северна Македонија. Вашата  работа и вашите дела се во служба на Франкофонијата во земјата, која и ние самите, со поддршка на Францускиот институт, ја спроведуваме за зачувување, зајакнување и унапредување на изучувањето  на францускиот јазик.“

Лауреатот Јордан Плевнеш кој ја прими престижната награда на церемонијата под „Куполата на бесмртните” во Француската академија минатата година, на денешниот прием изрази благодарност до претседателот Пендаровски за писмото кое го упати за време на церемонијата на доделување на наградата во Париз и изјави:

„Ви благодарам од сѐ срце претседателе што во истиот миг на доделувањето на мојата награда, упативте писмо чии зборови одекнаа меѓу бројните гости во Париз. Македонската франкофонска интелигенција повеќе од 130 години на европската сцена ја афирмираше идејата за македонскиот народ како дел од европската заедница на народите, можеби инспириран од повикот на Виктор Иго за Соединетите Држави на Европа.“

Видео материјали од настанот:

https://youtu.be/V0ABeNqIETU
​
https://youtu.be/ux9Y-Fi2qeU

0 Comments



Leave a Reply.

    Archives

    March 2017
    September 2016
    June 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    March 2015
    February 2015
    December 2014
    October 2014
    September 2014
    July 2014
    June 2014
    May 2014
    March 2014
    February 2014
    January 2014
    December 2013
    November 2013
    October 2013
    September 2013
    July 2013
    June 2013
    March 2013
    February 2013
    January 2013
    December 2012
    October 2012
    September 2012
    July 2012
    June 2012
    May 2012
    March 2012
    February 2012
    December 2011
    November 2011
    October 2011
    September 2011

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.