Jordan Plevnes
Contact:
  • Новости
  • News
  • Biography / Biographie / Биографија
    • Biography
    • Biographie
    • Приватна револуција
    • Хронологија
  • Reviews / Критики
    • Од светската критика
    • Светските личности за Плевнеш
    • Рекоа за Плевнеш
  • Photo / Фотографии
  • Video / Видео
  • Тајната книга / The Secret book
  • Projects / Проекти
  • Contact

ПРЕМИЕРА НА УВЕРТИРАТА НА INTERNATIONAL MUSIC REVOLUTION (IMR) - НОВА МАКЕДОНСКА ОПЕРА НА ЕВРОПСКАТА МУЗИЧКА СЦЕНА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

8/19/2021

0 Comments

 

Светот може да биде спасен само од музиката  - International music revolution (IMR)
 

Во рамките на програмата на 61-то издание на фестивалот “Охридско лето”, нашата најзначајна музичко - сценска манифестација, под диригентска палка Паскал Галоа, познат француски музички уметник, етаблиран активен протагонист на париската музичка сцена, моментно директор на Конзерваториумот Моцарт од Париз,  за прв пат, беше изведена и една арија чијшто автор на либретото е македонскиот писател Јордан Плевнеш, додека автор на музиката е, исто така,  македонскиот композитор Панде Шахов кој живее во Лондон.
Picture

Авторската екипа на ИМР: Композиторот Шахов, либретистот Плевнеш, диригентот Галоа и трите оперски интерпретатори Гонца Богоромова, Милена Арсовска и Иван Наумовски

​Аријата е дел од новата европска опера, со наслов “Интернационална музичка револуција” (ИМР), додека  диригентот  Галоа  е  и ко-продуцент.
Јордан Плевнеш, во ексклузивната изјава, вели дека операта се родила за време на долгите месеци на пандемијата и изолацијата во европскиот триаголник: Скопје-Лондон-Париз.
Приказната за ИМР е произлезена од  еден вистински настан, од богатото минато на магичниот Охрид :
Имено, околу 1780 година по катастрофалниот земјотрес во Лисабон, во 1755 година, во којшто градот е целосно уништен и имаогромен број жртви, Маркизот до Помбал кој е градител и реконструктор на главниот град на Португалија, а е член на истата масонска ложа со Волфганг Амадеус Моцарт во Виена, се обратил до неговите виенски колеги со барање да му помогнат во откривањето  на  6000 подводни столбови на кои ќе се гради Новиот Лисабон.
Во истата масонска ложа со Моцарт членува и Баронот Константин Бели, со потекло од  Охрид.
Тој предлага 6.000 бели борови од македонската планина Кожуф да пристигнат од Солун во пристаништето во Лисабон. Заедно со бродот во Лисабон ќе допатува и неговата внука од Охрид, Ефимија Бели, која ќе има средба со Моцарт во Виена, и ќе му отпее дванаесет македонски песни кои спаѓаат во во врвот на  балканската музичка  меморија.
Тоа е време на различни револуции и терор на сите меридијани. По смртта на Моцарт, веднаш по Француската револуција, Баронот Константин Бели и неговата внука формираат една  меѓународна вокална група која ќе ја проповеда новата религија, дека  светот може да биде спасен само од музиката  –  International music revolution IMR.
Во операта се појавуваат голем број на реални личности од балканската, европската и светската историја. Таа се движи со скокови низ времето и завршува со меѓународен настап на неколку светски јазици во Њујорк, за време на аукцијата во која е черепот на Моцарт, претходно погребан во масовна гробница, за 5 милиони долари, настан кој реално се случи нашиве модерни времиња во кој владее новата глобална перверзија, што Алберт Ками  ја  нарекува - Тиранијата на парите.
Picture
Авторската екипа со директорката на Охридско лето Наташа Поповиќ, Уметничката директорка Данче Стојанова и композиторката Јана Андреевска

За копродукција на операта интерес  изразија Операта Сао Карлос од Лисабон, Театарот Фениче од Венеција, Музичкиот театар Шатле од Париз, а ќе биде предложена и на МОБ и фестивалот “Охридско лето “ за  следната сезона,  2022.
Покрај на  “Охридско лето“, операта ќе биде изведена и на музичкиот фестивал во Киберон, Бретања, Франција.

Линк од објави во медиумите
0 Comments



Leave a Reply.

    Archives

    March 2017
    September 2016
    June 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    March 2015
    February 2015
    December 2014
    October 2014
    September 2014
    July 2014
    June 2014
    May 2014
    March 2014
    February 2014
    January 2014
    December 2013
    November 2013
    October 2013
    September 2013
    July 2013
    June 2013
    March 2013
    February 2013
    January 2013
    December 2012
    October 2012
    September 2012
    July 2012
    June 2012
    May 2012
    March 2012
    February 2012
    December 2011
    November 2011
    October 2011
    September 2011

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.