Долготрајните аплаузи и овации по изведбата беа упатени кон актерите Јорданка Стефанова, Теодор Елмазов, Богдан Казанџиев и Росица Александрова, како и на членовите на екипата Бојана Семерџиева, која е автор на сценографијата, Мартин Каров, кој што беше задолжен за звучниот дизајн, како и за авторот на сонговите за претставата Константин Плевнеш.
Директорот на театарот Калин Серменов на прес-конференцијата изјави дека тоа е историски настан на уметничките поврзувања помеѓу Балканот и Европа и и посака на „Глобална комедија“ долготраен живот на сцената на Сатиричен театар и на многу меѓународни фестивали.
На премиерата во Софија присуствуваа и француските актери Филип Морино и Наташа Машкиевич, од парискиот театар Белвил, кадешто Глобална комедија ќе се игра во текот на следната театарска сезона.