Jordan Plevnes
Contact:
  • Новости
  • News
  • Biography / Biographie / Биографија
    • Biography
    • Biographie
    • Приватна револуција
    • Хронологија
  • Reviews / Критики
    • Од светската критика
    • Светските личности за Плевнеш
    • Рекоа за Плевнеш
  • Photo / Фотографии
  • Video / Видео
  • Тајната книга / The Secret book
  • Projects / Проекти
  • Contact

ЕКСКЛУЗИВЕН ФЕЉТОН ВО ДЕНЕШЕН.МК: Јордан Плевнеш за судбината на балканскиот лингвистички Моцарт - Мисирков

7/17/2020

0 Comments

 
Picture
Познатиот македонски писател Блаже Миневски објави екслузивен фељтон во пет продолженија посветен на балканскиот лингвистички Моцарт - Мисирков од Македонија во Европа и Светот!
Фељтонот е базиран на познатата драма на Јордан Плевнеш „Последниот ден на Мисирков“, со предговор на академик Георги Старделов, и нејзиното прво презентирање за време на Интенационалниот симпозиум по повод стогодишнината од објавувањето на делото „За македонциките работи“ од Мисирков, организиран од МАНУ во Скопје 2003 година. 
Понатаму следува светската праизведба на ова драмско дело во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица во режија на Дејан Пројковски. Фељтонот го следи и гостувањето на оваа претстава на Европскиот фестивал на медитеранскиот театар во францускиот град Марсеј, како и одгласите за претставата од страна на француската театарска критика.
Одисејата на Мисирков продолжува и со гостувањето на претставата „Вечната куќа“ од МНТ во Будимпешта, кадешто Крсте Мисирков се појавува како еден од ликовите и предизвикува голем интерес со неговата визија за антропофонетиката, што наидува на интерес во специјално посветената емисија на Еуроњуз за овој настан.
Последниот дел на фељтонот е посветен на различни презентации на делата на Плевнеш во САД. Низ сите овие презентации, проткаено е присуството на Мисирков, кој и самиот требало да отпатува на студиски престој на Универзитетото Колумбија во Њујорк, во учебната 1926/27 година. Како што е познато, животната одисеја на Мисирков завршува на 26 јули 1926 година. 
Во презентацијата на Плевнеш во ноември 2019 година, на неговиот есеј „Македонскиот јазик во глобалниот свет“, за време на промоцијата на неговиот роман „ОСмото светско чудо во Вашингтон“, духот на Мисирков се појавува како безвремена форма и бесмртна метафора на македонската лингвистичка меморија.

Фељтонот во целост можете да го најдете на следните линкови:

дел 1
дел 2
дел 3
дел 4
дел 5


​

0 Comments



Leave a Reply.

    Archives

    March 2017
    September 2016
    June 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    March 2015
    February 2015
    December 2014
    October 2014
    September 2014
    July 2014
    June 2014
    May 2014
    March 2014
    February 2014
    January 2014
    December 2013
    November 2013
    October 2013
    September 2013
    July 2013
    June 2013
    March 2013
    February 2013
    January 2013
    December 2012
    October 2012
    September 2012
    July 2012
    June 2012
    May 2012
    March 2012
    February 2012
    December 2011
    November 2011
    October 2011
    September 2011

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.