Познатиот македонски писател Јордан Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, имаше воведно излагање на тема “Уметноста како единствена цивилизациска константа меѓу Европа и Медитеранот” и беше избран за меѓународен координатор за предлози на проекти од сите театарски, филмски и музички академии кои би сакале да се приклучат на овој Уметнички брод што го предводи големиот француски театарски сонувач и хуманист Ришар Мартен, што ја започна оваа иницијатива уште во далечната 2001 година и која по успешните крстарења во 2003, 2007 и 2009 година, по четврти пат ќе ги поврзе Стариот континент и Медитеранот како лулка на светската меморија.
Од 25 до 28 мај 2012 во Марсеј, Европска културна престолнина за 2013, се одржа годишно заседание на Интернационалниот театарски институт на Медитеранот, формиран по падот на Берлинскиот ѕид, кој опфаќа 27 земји меѓу Средоземното море и Европа со цел да стимулира театарски копродукции во духот на дијалогот помеѓу културите, религиите и цивилизациите. Република Македонија е членка на овој институт уште од неговото формирање и повеќе институции на чело со Македнскиот Народен Театар и Драмскиот театар, активно соработуваат во неговите проекти. Главна тема на Годишното заседание беа предлозите за уметничките содржини на Театарскиот брод “Одисеја 2013” кој со околу 500 театарски, музички, филмски и книжевни уметници ќе оствари едномесечно крстарење низ триесетина пристаништа на Медитеранот со различни уметнички изведби што ја симболизираат културата на мирот и солидарноста во времето на светската криза, во која масовно се губат реперите на човечката надеж.
Познатиот македонски писател Јордан Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, имаше воведно излагање на тема “Уметноста како единствена цивилизациска константа меѓу Европа и Медитеранот” и беше избран за меѓународен координатор за предлози на проекти од сите театарски, филмски и музички академии кои би сакале да се приклучат на овој Уметнички брод што го предводи големиот француски театарски сонувач и хуманист Ришар Мартен, што ја започна оваа иницијатива уште во далечната 2001 година и која по успешните крстарења во 2003, 2007 и 2009 година, по четврти пат ќе ги поврзе Стариот континент и Медитеранот како лулка на светската меморија.
1 Comment
|
Archives
March 2017
Categories |