Во името на добрата соработка помеѓу Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Универзитетот Илирија, Ректорот на Универзитетот Илирија, Г-динот Миџаит Речи, му подари специјално изработено лого од оваа значајна образовна установа на Ректорот на Универзитетот ЕСРА, Г-динот Јордан Плевнеш.
Покрај промоцијата на монографиата во Приштина, на 18 Септември се одржа и промоција во Даут-Пашиниот Амам во Скопје, на која што Омер Калеши и подари две дела на Националната галерија на Македонија.
Омер Калеши е детерминиран како уметник што го обединува вечно разиденетиот Балкан. Во исто време и Македонија, Албанија, Косово и Турција го слават творештвото на овој автор како препознавање на нивните ликовни и духовни традиции
Во продолжение следат и неколку фотографии од настанот во Приштина.